Водич низ СКОПЈЕ

Вруток – природен, чист и бескрајно убав

Ако се прашувате каде за викенд, ако немата вистинска идеја или пак имате дилеми, порталот Балкон3, мисли на Вас:)

Ако сте за риба и рибни специјалитети, веќе нема место за двоумење. Одете до Вруток,  една од најголемите природни убавини во гостиварскиот регион, модерна селска населба со огромен потенцијал за еко туризам.

Тоа е место каде што извира Вардар, најголемата река во Македонија, долга 388 километри, река која ја поврзува Македонија со Грција.

Таму ве чекаат атрактивните рибни ресторани.  Да ве потсетиме дека во рибниците на Вруток првпат била родена златната, а подоцна и сребрената пастрмка.

Екипата на Балкон3 беше во Вруток.

Уживајте во природата!

Хусамедин Гина

Коментари