Почитувани,
Здружение за промоција и унапредување на културните вредности КОНФИДЕНС Скопје согласно член 15 од Статутот од 03.02.2019 година, преку застапникот на Здружението Чекеровски Дарко го свикува вонредното собрание кое ќе се одржи на ден 12.04.2019 година со почеток во 12,00 часот во седиштето на Здружението на ул.Сава Ковачевиќ бр.43/1-25, Скопје.
За работа на Собранието се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД:
1. Промена на Застапник на Здружение за промоција и унапредување на културните вредности КОНФИДЕНС Скопје
2. Ажурирање на Статутот
3.Разно
Согласно член 17 од Статутот на Здружението, поканата во електронска форма се доставува до основачите Дарко Чекеровски, Мери Чекеровска, Златко Шумковски, Мирко Трајановски, Горан Момировски и член за здружението Илиевски Никола и со објава на веб страната на Здружението, во прилог со Статутот на Здружение за промоција и унапредување на културните вредности КОНФИДЕНС Скопје од 03.02.2019 година.
Ве замолуваме за ваше присуство и активно учество на Собранието.
Со почит,
Дарко Чекеровски
070 327 230