Водич низ СКОПЈЕ

Водно и Милениумскиот крст

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoGeoJSON-LogoGeoRSS-Logo
Водно и Милениумскиот крст

loading map - please wait...

Водно и Милениумскиот крст 41.976750, 21.409690 Водно и Милениумскиот крст

Доколку сакате да планинарите, а да не се намачите премногу, да го видите најголемиот крст во Македонија, да го разгледате Скопје од птичја перспектива и да се напиете природен планински чај, одвојте еден ден за прошетка на Водно. Станува збор за планина, висока 1.066 метри, која е буквално споена со градот. Од центарот на Скопје до почетокот на планинарската патека, која се наоѓа стотина метри над училиштето „Кочо Рацин“, пеш се стигнува за 20-ина минути.

vodno_balkon3 mapi

За искачување до врвот Крстовар се потребни од 2-4 часа, во зависност од брзината и бројот на паузите. Целата патека минува низ густа шума, во која доминираат борот и дивиот костен. Ако веќе се одлучите за ваква авантура, не се откажувајте додека не стигнете на врвот. Таму има планинарски дом, во кој може да се напиете топол чај, и секако одблизу да го видите грандиозниот Милениумски крст, висок 66 метри. Има опција и за мрзеливите. Со автомобил до Средно Водно, а оттаму до крстот има жичница, која за 10-ина минути ќе Ве одведе до една од највисоките градби во земјата. Крстот беше поставен во 2002 година во чест на новиот милениум и 2000 години христијанство во Македонија. Милениумскиот крст ноќе свети и се гледа речиси од сите точки во градот.

Коментари