Во Гостивар има една чешма,
Ох, една чешма, душа од чешма
Гостиварски девојки, сите до една, одбрани девојки
И душата ми гори, и плачам…
Овие стихови се од една стара румелиска песна. Авторот е непознат. Се работи за љубовна приказна. Чешмата не е обична. Покрај слатката и вкусна вода која тече од неа, околу неа се шири мирисот на љубовта. Затоа песната тешко може да се заборави. Се пее со децении, особено на балканските простори. Прекрасната песна е незаменлив дел од денешните свадби, кај луѓето побудува многу различни емоции. Особено ако невестата е од Гостивар, значењето на песната е многу, многу поголемо и посилно.
Балкон3 во потрага по чешмата го посети Гостивар. По дождливиот неделен ден, со часови шетавме по тесните гостиварски улички, со надеж дека ќе ја пронајдеме чешмата и убавите девојќи покрај неа, кои се споменуваат во горните стихови. Но, за жал и покрај вложениот труд, „Душата од чешмичка“ не успеавме да ја најдеме. Сепак, читателите на Балкон3 нема да бидат лишени од прекрасни фотографии од градот распослан во подножјето на Шар Планина, чие име значи „град со многу гости, гостопримлив град“.
[portfolio_slideshow id=9143]
Текст и фото: Хусамедин Гина