Водич низ СКОПЈЕ

Вистинска баклава од мајсторите во Истанбул

Баклавата се уште е еден од најпопуларните десерти и пресреќни сме што имавме можност да видиме као се прави вистинска баклава за време на нашата кулинарска тура во Истанбул, Турција. Нашата дестинација беше „Gulluoglu Baklava“, мајстори за баклава од 1800 година кои се наоѓаат во местото Каракој во Истанбул.IMG_0714

Она што ме импресионира посебно е љубовта и пасијата на семејството Гулуоглу кон нивниот продукт и напорот да ја направат секоја баклава незаборавно искуство.

„Слушаш ли како крцка“, ми вели Мурат, кој припаѓа на шестата генерација мајстори за баклава од семејството Гулуоглу, додека со вилушката двои едно парче. Продолжуваме со турата околу производната линија, а тој вели:

„Звукот всушност е  знак за свежина, знак за најдобрата баклава. Добрата баклава остава небесен вкус во вашата уста, не треба да биде ниту претешка, ниту преслатка, напротив треба да биде доволно „лесна“ да ве примами да изедете цела една чинија“.

2011 Grand Turkey tour- Baklava, with OTT IMG_0711

Да ги гледате мајсторите за баклава (ustas) во акција е незаборавно искуство. Кога велам мајстори тоа и го мислам. Секој од нив минува 8-10 години во секоја фаза од производството на баклавата се до нејзиното совршенство, приготвување на тестото, негово претворање во тенки кори, подготовка на шербетот, печењето на вистинска температура…

Првото нешто што ве поздравува овде се облаците од брашно кој се издигнуваат во воздухот додека се прават тенките како лист хартија кори. Сите се растегнуваат со рака и со оклагија. Секоја кора е толку тенка што може да читате весник преку неа. Кога ќе достигне дебелина од само 2 милиметри, мајсторите почнуваат да ги редат една по друга на послужавник намачкан со путер.IMG_0723

Мајсторите ставаат дваесет слоеви кора (ги попрскуваат со растопен путер по секоја четврта кора), а потоа не штедат од најдобрите фстаци од Газиентеп. Овие фстаци се единствениот вид кој се користи овде, а некогаш се ставаат и лешници на 20-тиот слој. Кога ќе се додаде и следната тура од 20 слоеви, мајсторот ја сече прво хоризонтално и става топен путер кој додека се сече баклавата полесно навлегува во секој слој. Потоа се сече вертикално и се додава уште една доза топен путер. Баклавата сега е подготвена да се пече на температура од 165 степени целзиусови.IMG_0725

За тоа време се подготвува шербетот кој се состои од чист шеќер, сок од лимон и вода. Штом ќе се зготви шербетот се полева околу релативно оладената баклава по што таа повторно се става во рерна уште 5 минути. На крајот баклавата се остава да отстои на ладно место. Финалниот производ е баклава која се топи во уста. Толку е лесна што ќе изедете цела чинија.

IMG_0720

За потеклото на баклавата има многу теории, но едно е сугурно, а тоа е дека таа е усовршена во кујните на Топкапи палатата за време на Отоманската Империја и таа била омилен десерт на Султанот. Нејзината важност не е само во тоа што се смета за симбол на богатство и софистицираност туку и поради фактот што се смета за државна традиција. 2011 Grand Turkey tour- Baklava, Spice Market, BlueMosque-Day 3 059

Парадата на баклавата која започнала кон крајот на 17 и почетокот на 18 век е пример за таа традиција. Кога војниците ја добивале тримесечната плата од Султанот, им била приготвувана и гозба и на 15-тиот ден од Рамазан ги частеле со баклава. На 15-тиот ден од Рамазан Султанот одел да ја види наметката на пророкот Мухамед која се чува во Топкапи палатата и тогаш јаничарите добивале баклава, по една чинија на 10 војници. Подоцна, оваа традиција прераснала во парада.IMG_0737

Тестирање на баклавата со слух

Кога ќе ставите вилушка во баклавата треба да слушнете крцкав звук. Ова значи дека слоевите се тенки и баклавата е добро испечена. Колку се потенки слоевите, толку е подобра и баклавата.

Тестирање со мирис

Кога ќе ја доближите до устата треба да почувствувате мирис на путер и лешници или фстаци. Добрата баклава треба да има добри состојки.

Пробување

Можете да ја почувствувате добрата баклава во вашата уста. Таа остава небесен вкус и не може да ве заболе стомакот од неа.Petersons charity event and olives, red pepper, parsley meze 003

Дали сакате да приготвите баклава дома? Ова е мојот рецепт кој можете да го пробате.

Ако вистинската баклава треба да биде лесна и да ве натера да изедете цела чинија мислам дека мојот рецепт го постигнува токму тоа.

Се надевам дека ќе уживате

http://ozlemsturkishtable.com

(Текстот е објавен во соработка меѓу Балкон3 и Ozlem Turkish Table)

Коментари