„Корпоративно утро“, збирката хаику поезија на Васко Марковски беше промовирана вечерва во киното „Фросина“.
„Корпоративно утро“ излезе од печат во мај годинава, и бргу го најде своето место до многу читатели, кои пак уште побргу се најдоа во „Корпоративно утро“. Дали во мислите на Васко чекајќи во редиците во секојдневниот сообраќај, дали при патувањата низ Македонија, дали при будењето наутро за градинка и училиште, дали при набљудувањето на лицата, луѓето, градот, случувањата. И секогаш предизвикува насмевка поради лесното поистоветување со ситуацијата која тој фино и сликовито ни ја опишува само во шест-седум зборови.
А, во рецензијата проф. д-р. Владимир Мартиновски за хаику-то на Васко кажува: „Доколку има ронка вистина во мудроста дека ‘денот по утрото се познава’, тогаш ракописот Корпоративно утро, чиешто печатење безрезевно го препорачуваме, ветува прекрасни творечки ‘денови’ на Васко Марковски“.
„Зборовите се тркалаат, јазиците не мируваат, предизвикот е формата“ – Васко Марковски
Д.Ч.