Канадскиот командир на Интернационалната Вселенска Станица која орбитира околу нашата планета од декември 2012 со брзина од 5 милји во секунда постојано ги споделува своите впечатоци на глобалната мрежа Twitter… и одлучи да посвети еден ден на Грција.Крис Хетфилд, како претставник на Канадската Вселенска Агенција, стана дел од екипажот на вселенскиот брод Сојуз заедно со американски и руски колеги во рамките на еден научно-технолошки проект во текот на кој ќе престојува 5 месеци во вселената. Освен што е првиот канаѓанец кој зачекорил во вселената, тој е и искусен музичар (ритам гитара и вокал) кој преку интернет страницата на Канадската Вселенска Агенција порачува “ Во вселената некој ќе ве слушне како пеете!”
Твитовите на Хетфилд можеби се концентрирани на една или друга земја додека Интернационалната Вселенска Станица поминува над нив, но тој звучи еднакво воодушевен од убавините на нашата планета во секоја земја која ја надлетува. Кога би се погледнале низ неговите очи, би можеле да кажеме нешто позитивно за секој од нас!
Можете да го побарате вашето посебно катче во твитовите на астронаутот овде: https://twitter.com/Cmdr_Hadfield
Еве дел од твитовите на тема Грција (15ти јануари 2013):
- Geia sas Elláda! (Поздрав до сите во Грција!)
Јасно небо над Грција денес, ќе ги споделам фотографиите вечерва. Со ова имаме неофицијален ден на Грција!
- Ираклион и видливата палата на Кносос на грчкиот остров Крит.
- Уште еден потполн поглед на Ираклион и Крит од подалеку. Од едниот до другиот брег, до островот Диа и кон отворено море.
- Продолжуваме со Грција! Од Спарта до Каламата имате прилично возбудливо возење со прекрасни глетки на сите страни.
- Островот Родос, Грција – интересно е што од вселената може да се види каде стоел Колосот од Родос пред 2300 години.
- Патра, на влезот на Коринтскиот залив. Мостот се издвојува зачудувачки јасно во однос на синилото.
- Атина, Грција. Колепка на голем дел од цивилизацијата и научната мисла.
Ова е мапа на местата споменати во текот на патувањето на Хетфилд над Грција:
Па… ако не ви пречи малку личен коментар, твитовите на Хетфилд и синилото на прекрасното море ме потсетија на мојот омилен канаѓанец, а ова се зборовите кои ми навираат…
“Не можам да те слушнам но чувствувам што ми зборуваш,
Не можам да те видам, но гледам што ми претстои,
Сега пловам, бидејќи не сум врзан за земјата,
Зборовите што ги кажав одѕвонуваат во празно”
Нил Јанг, “Јас сум океан”
Софија Николау