Појадокот е најважниот дневен оброк. За да не се прескокне, според експертите за исхрана, ова најзначајно јадење во денот, во Турција постојат специјализирани ресторани за појадок. Посетувањето на ваквите ресторани заедно со целото семејство стана тренд, особено во поголемите турски гардови. Ако се подготвувате за бизнис средба во Турција немојте да се изненадите ако тоа, наместо „работен ручек“ биде „работен појадок“.
“Не знам што мислите за јадењето, но појадокот има некоја допирна точка со задоволството, среќата“, вели познатиот турски поет Џемал Суреја, во својата песна од само два реда. Тоа е неговиот омилен, неопходен оброк, кој ја заситува и исполнува неговата душа. Особено кога софрата е полна со луѓе. Тогаш задоволството е бескрајно.
А, ако мислите дека неколкуте залчиња, од геврекот или симитчето пред да се стигне на работа, училиште ќе завршат работа, се лажете. Тоа е само елиминирање на гладта, а не вистински појадок.
Турскиот збор “kahve-altı”, значи појадување пред утринското кафе. Во последните години појадок, особено за време на викендите во Турција стана посебен сектор. Рестораните со широкиот спектар на понуда и беспрекорна услуга ја започнаа трката да стигнат до се поголем број на муштерии. Посетувањето на ваквите ресторани заедно со целото семејство, покрај социјалната активност, стана и мода.
Најпознати ресторани за појадок се „ Рестораните Ван“ (Ван е град на крајниот исток на Турција). Карактеристични се по тоа што сите производи се носат од самото место, природни и екстра вкусни, но имаат и голема искуство. Упатените за тие менија кратко велат „Да не јадеш, а да се најадеш“. Цената за едно лице изнесува околу 25 лири (10 евра). А еве што добивате за тие пари, односно што содржи традиционалниот турски појадок…
Тревно сирење
За призводство на сирењето се користи овчо млеко и 20 вида на трева. Во регионот тие се познати како дива трева, некои од нив се познати под следните имиња: Свадбена цвет, сирик, хелиз, мендо и др. Овој тип на сирење преку растенијата која ги содржи во себе помага во варењето на храната и ја прочистува крвта од микро-организмите.
Муртуга
Главните состојки се путер, брашно и јајца, потсетува на палачинки. Во принцип се јаде со мед и џем.
Кавут
Се подготвува со печење на пченичното брашно со масло се додека не се добие кашеста маса. Многу е вкусен. Незаменлив производ на `Ванската` софра.
Мед и сусамово масло
Неодолив вкус на `Ванските софри`. Составен од комбинацијата на светски познатиот мед karakovan (Црна кошница) – со сусамовото масло. За каракован погледнете на: http://turkhoneyworld.com/language_English/karakovanhoney.htm)Вански таратур
Главните состојки му се павлака или кајмак сирење, на него се додава магдонос и копар.
Мед `Karakovan` (црна кошница) и кајмак
Медот каракован го произведуваат кавкаските пчели од 1200 видови на различни цветови и во длабочина од 30 см во дудинките (црници). Медот во таа длабочина стои 6 месеци без светлина. Најважната карактеристика е што е произведен од пчелите без никаква човечка интервенција.Секако на софрата има и: бело сирење, кашкавал, домати, краставици, салати, путер, јајца (пржени со сучук), менемен (јадење од јајца, домат, кромид и пиперки подготвени во тава, ореви и чај колку што ќе посакате.
Уживајте во појадокот со Балкон3.
(Х.Г.)