Водич низ СКОПЈЕ

Турски бизнисмен – светски рекордер во број на шаховски комплети

Турскиот бизнисмен Акин Гокјај е сопственик на најголемата колекција шаховски комплети во светот. Тој во период од над 25 години успеал да собере 412 шаховски комплети од стотина различни држави.

Оваа вредна колекција од 412 шаховски табли и 13184 шаховски фигури му овозможи во јануари оваа година да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Гокјај, кој по професија е адвокат, почнал да се занимава со ова хоби, бидејќи уште како дете се вљубил во шахот како игра, но и како начин на размислување.

„Шахот не е само игра, тоа е инструмент кој ги учи луѓето да размислуваат и да планираат. Исто така, тој ги отсликува културите на различните земји. Преку шахот можете да научите делови од историјата на многу земји“, вели Гокјај.

Колекцијата на Гокјај вклучува шаховски сетови направени од многу различни материјали како метал, месинг, мермер, кожа, камен, па дури и рибина коска. За овие необични примероци, тој плаќал од 200 долари, па се до 1300 долари.

Во неговата богата збирка може да се најдат шаховски фигури мотивирани од ликовите во познати книги или филмови, како Штрумфови или Господарот на прстените, но и фигури кои ги отсликуваат реалните политичките односи во светот низ историјата.

Коментари

Тагови: