Водич низ СКОПЈЕ

Турќан Шорај – ќе останам во Скопје само ако се заљубам

Турќан Шорај, кралицата на турскиот филм

Кариера која би ја посакала секоја млада актерка. Со снимени 205 филма до денес, таа е светска рекордерка. Избрана е и за aмбасадор на добра волја на УНЕСКО, за Турција.

Со елегантен, класичен црн фустан за свечени пригоди, кралицата на турската кинематографија се појави пред новинарите, среќна, возбудена, насмеана поради фактот дека за прв пат доаѓа во Румелија, родната земја на својата мајка.

„Многу сум среќна што сум во Скопје. Понудата да бидам на свеченото отворање ја прифатив без расмислување. Мајка ми е од румелиско потекло. Детството ми помина слушајќи ги румелиските песни. Познато ми е дека во Македонија турските филмови се доста популарни“ изјави, Турќан Шорај „Султанот“ на турскиот филм.

ФЕСТИВАЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ВО ИСТАНБУЛ

Шорај е родена 945 година во Истанбул. Во едно просечно турско семејство, татко работник, мајка домаќинка. Нејзиното прво присуство на филмското платно се случува на 15 годишна возраст. До денес, со снимени 205 филма е светска рекордерка, а исто така пишува сценарија и режира. На 12 Март, 2010 година избрана е за амбасадор на добра волја на УНЕСКО, за Турција.

За нејзе од особена важност е главната улога во филмот „Госпоѓа Дила“ адаптирана според книгата „Македонија 1900“ на познатиот турски писател Неџати Џумали. Дејството на филмот се случува во балканските простори.

На средбата со новинарите призна дека нема големи познавање за македонскиот филм. Но посака и во Истанбул да се оддржи фестивал на македонскиот филм. Побара да се сретнат надлежните од филмската уметност во Македонија. Таа вети дека ќе учествува на свеченото отварање.

На новинарското прашање дали е можно да остане во Скопје, „не знам…можеби само ако се заљубам“, одговори таа, со насмевка. „Имам многу обврски во Турција. Но сепак, како прво да го прошетам Скопје. Ако ми се допадне ќе видиме“ додаде таа.

Хусаметин Гина

Коментари