За оние кои се помалку упатени, Ненад Цветичанин – Цепи е музичар, романсиер, преведувач и новинар со завиден стаж од речиси четириесет години музичко авторство. Цепи е еден од ретките музичари кој активно учествувал во обликувањето музиката и на естетискиот образ на неколку бендови (Арнолд Лејн и Алхемија, Добри Исак, Психократија,…), а се јавува и како автор на музика за неколку театарски претстави.
Ненад Цветичанин го објави The Boogie Man во јуни.
The Boogie Man е фанк – алтернативна опера. The Boogie Man е опера во која авторот не кокетира со жанровите и стиловите туку умешно ги користи и создава звучна слика во која се фузирани елементи на фанкот, психоделијата и алтернативата кои на моменти егзистираат еден покрај друг, а на моменти се фузираат кулминирајќи во звуковна енергија која екплодира и таквата екплозија го турка слушателот уште понапред и уште подабоко во делото.
The Boogie Man е музичка творба која слушајќи ја ве тера во исто време да заиграте и направите протест.
Албумот е авторска творба. Освен што Ненад Цветичанин е автор на музиката, либретото, текстовите на пените и музиката тој го има отсвирено и целиот албум.
The Boogie Man можете да го слушнете овде.
Откако внимателно ќе го ислушате, деновиве ќе следува поширока резензија на The Boogie Man, па ќе се провериме и размениме мислење.
З.Н.