Театар на отворено се случува секоја година од 6 до 11 јули, на бреговите на Преспанското езеро каде повеќе од една деценија се одржува Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Фестивалот е една од најзначајните културни манифестации во Преспанскиот регион на Македонија. До сега учествувале врни имиња на домашната, регионалната и интернационаланта театарска сцена.
Традиционалано секоја година во духот на културната соработка меѓу Македонија, Албанија и Грција отворањето е со обраќање кон публиката на трите јазици кои што се говорат на Преспанското езеро, македонскиот, албанскиот и грчкиот, со што на еден симболичен начин барем за миг се бришат границите околу езерото. Фестивал се одржува на отворено, во прекрасниот амбиент на дворот на Сарајот во Ресен (Дом на културата).
-Фестивалот ќе биде отворен на 6 јули со почеток во 21 часот, со претставата “Г-ѓица Јулија” во изведба на големата актерка Ана Петерсон од Шведска, која за време на церемонијата на отворањето ќе ја прими почесната награда за животно дело. Покрај оваа претстава ресенската и македонската публика ќе проследи претстави од Словенија, Албанија, Грција, Србија, Турција и Македонија-велат организаторите.
Еве дел од театарските претстави кои ќе бидат прикажани на фестивалот:
– „Совршена анализа на еден папагал“ на Тенеси Вилијамс, во режија на Ѓорѓи Ризески од Македонија (7.07.2013, 23:00, Хотел Отешево)
-„Човекот кој…“ на Матеј Вишнец од Грција, (10.07.2013, 21:00)
-„Не се брои“ на Јанис Пердикис -Грција, Албанија (10.07.2013, 22:00))
-„Во затворот“ на Серкан Уштунер од Турција (11.07.2012, 21:00)
На следниот линк можете да ја најдете програмата за фестивалот
http://www.actorofeurope.net/program-2013.html
Погледнете и дел од галеријата на фотографии од Преспа:
Автор:Балкон3
Фотографии: http://www.actorofeurope.net