Водич низ СКОПЈЕ

Сподели NESCAFÉ 3in1 за Денот на вљубените

По повод Денот на вљубените, NESCAFÉ организира интересна акција во која на граѓаните на Скопје ќе им подари по две кесички NESCAFÉ 3in1 кафе. Илјадници вљубени на скопските улици во духот на Св. Валентин ќе можат да уживаат во топлата напивка и да ја поделат со своите партнери, пријатели или колеги. Бидејќи кафето е најубаво кога се пие во друштво!

NESCAFE 3in1 _balkon3Во акцијата „Сподели NESCAFÉ 3in1 за Св. Валентин “, тимовите на NESCAFÉ на граѓаните во Скопје ќе им поделат повеќе од 6.000 подароци во форма на срце со по две кесички NESCAFÉ 3in1 кафе. Патролата се движи низ сите популарни локации во Скопје каде се собираат младите луѓе, студентите и вљубените. Специјалното срце може да се искористи како честитка или писмо и да се испрати за Денот на вљубените. Исто така, оваа порака може да се сподели и на Фејсбук.

NESCAFE 3in1_balkon3_1  NESCAFE 3in1_balkon3_2

Покрај оваа акција, на Фејсбук страницата на NESCAFÉ 3in1, сите вљубени имаат прилика да учествуваат во креативен натпревар. Сѐ што треба да направат е да ја испратат својата интересна љубовна приказна и може да освојат NESCAFÉ 3in1 пакет со популарните црвени шолји за кафе!
Со новиот, помлечен и покремлив вкус на NESCAFÉ 3in1 производите, како и новите поинтересни пакувања, NESCAFÉ освојува нови хоризонти на полето на квалитетот и иновативноста. Оваа кремлива напивка ги охрабрува и мотивира младите за нови почетоци. Служи како инспирација да гледаат позитивно на новите потфати, без разлика дали станува збор за полагање испит, интервју за работа или стекнување ново пријателство и љубов.

Коментари