Сите сакаат да ги видат главните знаменитости на еден град. Грандиозните градби, плоштади, простори, мостови, кули, храмови, статуи… Тие се причините поради кои се патува, и во многу случаи вреди да се посетат. Но сигурно ви се случило да отстапите од туристичката патека зацртана во мапата што сте ја зеле од хотелот или од информативниот киоск, и да ве дочека пријатно изненадување. Сте влегле во светот на секојдневието на местото што сте го посетиле. И тука има многу нешта што може да ви го привлечат вниманието. Мала интересна семејна куќа, тесна уличка што повеќе личи дека е во некое далечно село, отколку во голем град, љубопитни домашни миленици, интересен графит или убаво насликан мурал на ѕидот на некоја стара зграда и многу други нешта. Секако, тука се и пријатните луѓе што ќе ве дочекаат со насмевка и ќе помислат дека сте се загубиле, па ќе ви го покажат патот назад кон зацртаната патека. Дури и ќе се изненадат кога ќе им кажете дека всушност сакате да го разгледате нивниот свет. Во нашата галерија од Солун нема да ги најдете познатите знаменитости на градот. Не дека нешто не е во ред со Белата кула, Света Софија, Свети Димитрија, Портата на Галериус, Ротондата и другите. Но овојпат решивмеда ги откриеме убавините зад нив.
[portfolio_slideshow id=10505]