„Некој на фејсбук кажа Македонија оди со рецепт на Малта на Евровизија….и да токму тоа. Калиопи личи на една од порано што пееше за Малта.. иако музиката за песната што ја напиша нејзиниот поранешен сопруг е многу подобра од оние на Малта“
Што е она што не тера да бидеме толку запалени за песната на евровизија. Дали е е тоа универзалната, карактеристична за сите во светот, желба за победа, дали е тоа дека сме убедени дека имаме најдобар ритам, мелос и музика во регионот (приказна која без исклучок се пренесува со години..нели ако сакаш песна оди во Босна, ако сакаш игра оди во Србија, а ако сакаш и песна и оро оди во Македонија итн..) или пак во недостаток на победа во ниту една од битните медиумски опсервирани светски арени за мегдан. Би рекле од се по нешто. Но ако е повеќе или помалку нормално првата причина да доминира со 60 осто, а вториве две со по 20 отсто, кај нас сепак доминираат последниве две. Од каде овој заклучок? Па од оптоварувањата што секоја година ги има просечниот македонски граѓанин околу тоа која песна ќе не преставува на песната на Евровизија и како ќе поминеме, дали пријателските земји ќе гласаат за нас, и пак ли оние од север ќе се честат со гласови иако не заслужуваат… А испративме и испукавме се што имаме…И пак ништо..Ако почнеме од првиот пат со Владо Јаневски, кој заврши многу неславно со фино испегланото одело и сериозниот поглед.. па преку девојките од XXL кои беа најавувани како атракција..па завршија неусогласено.. па преку Каролина ..два пати..па Тоше, па тапанарот Мартин, па бушавите од Некстајм….па убавиот Влатко со Русинката, ..и еве сега божицата мајка Калиопи..
Некој на фејсбук кажа Македонија оди со рецепт на Малта на Евровизија….и да токму тоа. Калиопи личи на една од порано што пееше за Малта.. иако музиката за песната што ја напиша нејзиниот поранешен сопруг е многу подобра од оние на Малта, односно има можеби најдобар рефрен или скоро исто толку добар како сто посто те љубам на XXL, само поуметнички. Црно и Бело Есеееен…
За читателите надвор од Македонија треба да кажеме дека Калиопи всушност од секогаш имала песни со одлична музика, одлични рефрени, од Бато, Лео, Обои ме итн.. што отскокнувале од останатите песни во врвот на пример од оние на Каролина..ниту една не можеш да запамтиш и да сакаш…. Така и со оваа песна би рекол дека е добра, подобра од скоро сите што сме ги пратиле, одличен рефрен..добро направен, добро отпеан.. впечатлив.. Башка и ќе се дотера уште повеќе до тогаш… А плус тоа Калиoпи има силен карактеристичен прекрасен глас… И што е голема поп ѕвезда, не само во Македонија туку во цела поранешна Југославија…
Се чини дека годинашниов избор, односно бидејќи немаше избор, помина онака како што треба. Релаксирано, без големи помпи и без вложување на сите сили и стратегии како во минатото. Кога вложувавме и последен атом енергија само на Европа да и докажеме колку нашиот мелос, песна е подлабока и поразлична од се што ќе биде испеано на нивните металик вечери, песни без душа.. Да, така си мислиме.. барем поголемиот дел. И после поразот се чудиме како сме останале несфатени, односно како може толку добра песна да помине толку лошо. Пред настап медиумите се полни со извештаи како високо котираме на интернет, па дека сите се вртат околу нашата делегација, па како сите велат сигурно ќе се пласирате меѓу првите две ако не и повисоко.. За по неуспехот или делумниот успех да почнеме да измислуваме и најневозможни сценарија за причините за кои не сме успеале.. а сето тоа затоа што не сме биле реални уште од почеток.. Затоа да бидеме реални, го бараме невозможнотоJ да победиме, или да бидеме во првите.. две, три или барем пет..како кошаркарите и ракометарите. Да не не порази Луксембург, како овие што шутираат топка, да не речам фудбалери, не знам дали се пласираа за тој статус..