Кога ќе расцветаат јапонските цреши посетуваат на шармантни сцени од бајките, имаат нешто повеќе од само обична убавина… може да се каже дека тоа е чудо на природата.Црешите имаат посебно место во јапонската култура. Расцветувањето на јапонските цреши го симболизира почетокот на еден нов живот. Во Јапонија се одржуваат двонеделни фестивали во 11 градови. Празникот на црешите во оваа земја, го регулира и животот на луѓето. Во тие денови се утврдува датум за брак, се започнува бизнис, поточно кажано овој период преставува пресвртна точка во животот на Јапонците.
Бидејќи се симболот на убавината и естетиката, кога ќе расцветаат, Јапонците, со единствена цел, само за да ги видат цветовите заедно со своите семејства, пријателите ги посетуваат парковите, градините, храмовите.
Црешите потсетуваат и на минливоста на животот. Со векови наназад поетите, музичарите инспирација наоѓале токму во сакурите.
Симбол за ова дрво кај нас е улицата Максим Горки, која е најубава во Скопје токму во периодот кога јапонските цреши се расцветани. Затоа Балкон3 ја посети улицата, и секако, објективот го намести така што убавината на розевите јапонски цреши ги спои со прекрасните, стари балкони, на убавите стари скопски згради. Уживајте во фотографиите!