Доколку и пријдете на магичната турска кујна, таа секогаш може да ве изненади и да ве фасцинира…..Овој пат тоа го направи со едно чудно задоволство, со уште по чудно име: Пишманије. Овие необични, снежни, бели вкусни врвки или шпагети од „памук„ едноставно ќе ве остават без здив!
Пишманије
Пишманијето исто така е познато и како tel helva (жичаста алва), çekme helva (растегната алва) или keten helva (лен алва). Овие неверојатни влакна шпагети од пржено брашно помешано во големи количини на шеќер, секое лето ги заслепува милионите туристи кои ја посетуваат Турција. Приказната на пишманијето потекнува од Иран, таму се нарекува пешмек, што значи покајание, бидејќи многу било тешко е да се погоди совршената смеса, и оние кои се осмелувале да го прават овој деликатес често се покајувале.
Мојата дебелка
Во Турција пак, легендата е малку поразлична. Имено, градот Измит е надалеку познат по своите пишманија. Најпозната легенда вели дека во градот живеел еден слаткар, кој бил познат по своите производи. Само за да можат да пробаат од неговите познати специјалитети, многу луѓе, во долги редови чекање пред неговата слаткарница. Трговците слегувале од патот на свилата ставајќи се во голема опасност, за да стигнат до прекрасните благи. Слаткарот пак, имал сосема друг проблем, бил несреќно заљубен во една дебела девојка. Што и да направи, љубовта била невозвратена. Очаен од тоа одлучил да создаде сосема ново благо, и тоа да го посвети на својата љубена, со надеж дека ќе ја возврати љубовта. Со своите чираци работел напорно и успеал да создаде снежни бели топчиња од извлечена алва. Тоа се почетоците на првите пишманија.
Во чест на неговата сакана благото го нарекол Шишманије, тоа на турски значи Мојата дебелка. Со убаво врежано име испратил неколку кутии од благото…и успеал, да привлече внимание! За кратко време со таа девојка стапиле во брак и долго време живеење среќно. Но, по одредено време поради љубомората и интригите на неговата сакана, животот со неа се претворило во вистински пекол. Натажен и со скршено срце морал да ја остави. Страдајќи поради тој љубовен бродолом, слаткарот името на благото го менува од Шишманије во Пишманије, што на турски значи “каење“.
Ммм неодолив вкус
Пред неколку дена граѓаните на Скопје имаа можност да пробаат од стотици години старата магија, но, не од индустриската изработена во фабрика, тука таа изработена рачно. Имено, во Скопје се оддржа 6. Фестивал на пишманијето на Општина Измит од Турција во организација со Општина Чаир.
Во турската чаршија мајсторите на овој занает, со умешноста и способноста ги одушевија големиот број на посетители. Во сред чаршија, пред голем број на обажаватели на благото и случајните минувачи ги покажаа своите врвни квалитети. Процесот на рачната изработка треаше околу два саатта.
Откако беше готов финалниот производ очигледна беше радоста на мајсторите. „Одлично испадна, успеавме“ рече еден од мајсторите, со насмевка во лицето.
Кај нив имаше мала вознемиреност од пеколното скопско сонце, да не ја затопли смесата повеќе од дозволенета обработлива температура. Затоа подготовката ја продолжија под сенка. Дел од граѓаните за прв пат имаа можност да пробаат од магичното благо кое се правеше пред нивните очи. Во процесот на создавање на памучното топче симболично учествуваа и Амбасадорот на Турција во Македонија Ѓурол Сокменсуер и градоначалниците на Измит и Чаир, Невзат Доган и Изет Меџити.
Откако заврши подготовката пишманијето се служеше на сите присутни граѓани. Тие пак, откако пробаа од благото беа едногласни. „Ммм неодолив вкус. Имам пробано во пакување, но, ова е нешто посебно“, ни изјави кратко еден од граѓаните. Ова благо во Турција е познат под слоганот „Пробал – еднаш пишман, не пробал – илјада пати пишман.“ Човекот станува еднаш пишман, затоа што јадењето на ова памучно благо е малку комлицирано, ако не проба илјада пати пишман, затоа што вкусот е несекојдневен и мора да се проба.
Подготовка:
Најпрвин се запржува брашното со масло.
Паралелно со него се подготвува и шербетот. Шербетот треба да врие на температура од 180 степени.
Откако ќе зоврие, шербетот се лади на мермерна површина до 120 степени.
Откако ќе се олади, шербетот добива форма во вид на желе, а тоа пак се обработува рачно.
Потоа во една голема тепсија се меша со смесата од брашно.
Потоа следува најтешкиот дел, растегнување на смесата.
Пишманието е подготвено за служење.
Уживајте во рецептот со Балкон3:)
Текст и фотографии: Хусамедин Гина