Ова е еден од најуниверзалните празнични колачи, кој многу често е дел до семејните трпези. Независно дали станува збор за Велигденски или Божиќни празници, или стандарден неделен ручек, со овој изворно германски, односно австриски колач, не може да погрешите. Постојат еден мал милион рецепти и варијации на оваа тема, така што нема шанси да не направите колач кој вашите најблиски нема ќе го изедат до последното парче. Еве еден наш рецепт за куглоф како предлог за празничен десерт, за кој нема да ви треба повеќе од 30 минути за целосна подготовка и печење. Уживајте!
Подготовка
Измиксирајте го стопениот путер заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додавајте едно по едно јајце, потоа млеко и на крај брашното измешано со прашокот за пециво. Поделете ја смесата на два еднакви дела. Во едната половина додадете какао и мелени ореви или лешници.
Калапот за куглоф добро премачкајте го со путер. Наизменично ставајте една лажица од светлата и една лажица од темната смеса. Потоа сменете го редоследот, прво ставете од темната, па од светлата, за да добиете фино прошарана смеса. Печете го во добро загреана рерна на температура од 180 степени, околу 20 миниту. Откако ќе се испече на него посипете шеќер во прав. Чоколадните сладокусци можат куглофот да го прелијат и со стопено чоколадо и да го посипат со дробени ореви или лешници.
Потребни состојки:
250 гр. путер
300 гр. шеќер
1 ванилин шеќер
5 јајца
1.5 dl млеко
400 гр. брашно
1 прашок за пециво
100 гр. ореви/лешници
1 лажица какао
Уживајте во пртазниците и Куглоф колачот на Балкон3!