Тукушто објавените резултати од испитувањето на Одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Северна Каролина во САД, потврдија дека Lysobact P Spray® што го произведува компанијата Босналијек од Босна и Херцеговина го спречува развојот на глувчешкиот коронавирус (M-CoV) кој уште се нарекува вирус на глувчешки хепатитис (MHV). Овој вирус е во блиска врска со SARS-CoV-2 вирусот, кој го предизвикува COVID-19 и испитувањата спроведени на овој вирус можат да се искористат за компарација и предвидување на дејствувањето на самиот SARS-CoV-2.
Испитувањето покажа силен инхибиторен ефект на Lysobact P Spray®–от на вирусот M-CoV. Клетките заразени со вирусот се третирани со серија разблажен Lysobact P Spray® со цел да се утврди концентрацијата што има делотворен ефект врз спречување на размножувањето на вирусот. Научниците вклучени во истражувањето дојдоа до откритие дека Lysobact P Spray®, разблажен дури и до 100 пати, го инхибира размножувањето на вирусот за 93 посто, а оваа активност продолжува и со натамошно разблажување. Со стопирање на размножувањето на вирусот со Lysobact P Spray®–от, се спречува натамошен развој на болеста предизвикана од вирусот.
Истражувањето потврди дека за заштита од вирусните инфекции, клучно е да се задржи способноста на телото самостојно да ја спречува инфекцијата и да се бори против вирусот и природните заштитни својства на телото да можат да се надополнат и зајакнат со употреба на лекови кои содржат лизозим, ензим кој е елемент на неспицифичниот човечки имунитет и има антивирусно дејство.
Лизозимот, кој е клучна состојка на Lysobact P Spray®-от, како и на производите во облик на ориблети или лозенги е природна компонента на човековиот организам. Оваа супстанца по многу нешта е единствена, а најголемата концентрација на лизозим е во плунката. Познато е дека при некоја помала повреда (како гребнатина, исекотина, изгореница) често рефлексно ќе ја лизнеме и со плунката ќе го поминема повреденото место на кожата и на тој начин нанесуваме лизозим кој се наоѓа во слузницата на усната шуплина и грлото.
Лизозимот е откриен неколку години пред антибиотикот пеницилин, а го открил истиот научник, нобеловецот Александар Флеминг кој сметал дека “откритието лизозим еден ден ќе предизвика поголем интерес од пеницилинот”. Работејќи во својата лабораторија, Флеминг забележал дека капката која случајно паднала од неговиот нос на еден од лабораториските садови го разложила инфективниот материјал кој бил тука присутен. Заклучил дека некоја супстанца од носниот секрет ги разградила, односно „лизирала” бактериските колонии во тој материјал. Таа супстанца ја нарекол лизозим (од грчки “lysis” или “liza”, во превод „разградување“). Иако е откриен пред многу години, лизозимот често и денес е предмет на активен научно-истражувачки интерес.
„За превенција на инфекциите и контрола на инфективните болести на дишниот систем, најдобро е да се побара помош од хуманата физиологија“, вели специјалистката по микробиологија и член на Европската академија на науки, проф. д-р Мирсада Хукиќ. „Човечкиот организам поседува многу моќен систем на неспецифична отпорност, која што го брани од сите постоечки и нови микроорганизми, без оглед на тоа дали се вируси, бактерии, габи или паразити. Еден од важните сегменти на тој имунитет е продукцијата на лизозим. Лизозимот е природна состојка на нашиот организам. Се наоѓа во поголемиот дел телесни секрети и во многу клетки со задача да го спречи продирањето на микроорганизми и појавувањето на инфекција, а ако сепак дојде до неа, да ја контролира. Лизозимот дејствува против микроорганизмите, го стимулира имунолошкиот систем и ја контролира воспалителната реакција.”
Во бројните истражувања докажани се корисните дејства и сигурната примена на лизозимот. Лизозимот е значаен фактор на природниот имунитет што ги уништува бактериите, вирусите, габите и тоа само оние штетните (додека таканаречените добри бактерии не ги уништува), не пореметувајќи ја нормалната бактериска флора на усната шуплина. Освен тоа, лизозимот не доведува до развој на бактериска резистенција која инаку може да се развие поради прекумерна употреба на антибиотици. На овој начин антибиотиците можат да се „чуваат“ за состојбите за кои навистина се неопходни.
Лизозимот може да се применува истовремено со антибиотици и така да го засили дејството на антибиотиците. Лизозимот, исто така, на природен начин ја штити и обновува оштетената слузница на устата и грлото. Оштетената слузница го зголемува ризикот од нови инфекции па затоа побрзата регенерација на слузницата поттикната од лизозимот е многу корисна и важна во лекувањето.