Водич низ СКОПЈЕ

Пивница „Стар град“

icon-car.pngKML-LogoFullscreen-LogoGeoJSON-LogoGeoRSS-Logo
Пивница „Стар град“

loading map - please wait...

Пивница „Стар град“ 42.000683, 21.435742 Пивница „Стар Град“

Пивницата „Стар град“ или како што ја викаат скопјани само Пивница е едно од најпопуларните места во Старата скопска чаршија. Голем избор на пиво и пристојно мезе кое ќе ви помогне да испиете кригла повеќе. Во топлите скопски летни ноќи сите патишта од чаршијата водат кон Пивница и шансите да најдете слободна маса се исти како да добиете седмица на лото.

pivnica_balkon3 mapi   pivnica atmosfera_balkon3 mapi

Прекрасната локација со поглед кон Калето и црквата Свети Спас нудат одлична атмосфера за рок журки до доцна во ноќта. Сепак доколку не сакате гужва или пак да го чекате келнерот да ви го донесе пивото подолго време отколку што вам ќе ви треба да го испиете, ви препорачуваме да ја посетите Пивница преку ден и на раат да уживате во пијалокот.

Коментари