Луѓето кои влегуваат во криза и паѓаат во голема депресија, многу често, за да го заборават минатото, патуваат на некое друго место, правејќи драстични промени во својот живот. Низ историјата за тие патувања најмногу се користеле возовите. Така железничките станици, несакајќи се претворале во тажни места, места кои потсетуваат на разделби. Да се биде среќен на железничка станица, во вистинска смисла на зборот, претставувало грев.
Патот често ме носи кон Железничката станица Скопје Север, која се наоѓа во населбата Север. За станицата времето застанало, а нејзините единствени пријатели се кучињата скитници. Патници скоро да нема. Осамена е. Секогаш кога ќе поминам, размислувам за осаменоста како најголем непријател на човекот. И секако се прашувам, дали предметите и објектите некогаш се чувствуваат осамени?
Балкон3 деновиве се дружеше со железничката станица, а моментите уловени со нашиот фото апарат ги споделуваме со нашите читатели. Уживајте во фотографиите!
[portfolio_slideshow id=8963]
Текст и фото: Хусамедин Гина