Оревот е силно дрво, долго трае, ширно листа, разгранува, сака да ги дофати височините, сенката му е дебела, згустена, горделив е, издржува на грмежи, на бури. Но, тоа веќе на сите нас добро ние познато. За оревот пак, како храна и лек сме прочитале стотици статии. Балкон3 имаше прилика да учествува во процесот на собирање орев, се разбира рачно. Но пред да уживате во фотографиите, прочитајте ја кратката приказна за популарното дрво. И, уверете се дека оревот не е само дебела сенка и здрава храна.
Но, дали знаете дека оревот како дрво, има значајно место во животот на познатиот турски поет Назим Хикмет. Имено, поетот, се договара за состанок со својата девојка, во паркот Гулхане, под оревот. На денот на состанокот Назим оди во паркот и под оревот ја чека својата девојка. Во тој момент поминува полициска патрола. Во тоа време имал потрага по него, и затоа Назим Хикмет се криел од полицијата. За да се сокрие од полицијата не му преостанува ништо друго, него само да се искачи на оревот.
Во меѓувреме доаѓа Пираје која не знае за настанот застанува под дрвото и го чека Назим. Тој пак, поради присуството на полицијата во паркот не може да јави. Затоа не му преостанува ништо друго освен во врвот на оревот да ги напише следните стихови.
Јас сум еден орев во паркот Гулхане
Ниту ти си свесна ниту пак полицијата
Лисјата се моите раце, имам точно сто илјади раце
Со сто илјади раце те допирам тебе и Истанбул
Лисјата се моите очи, гледам со вчудоневиденост
Со сто илјади очи те гледам тебе и Истанбул
Лисјата ми чукаат како сто илјади срца…