Од дневникот на еден турист…
Го сакам Охрид, иако сум од Скопје. Го сакам Охрид, особено во мај. Охрид во мај е прекрасен. Е сега, некој ќе каже дека во мај сите градови се убави ама Охрид дефинитивно во мај е многу поубав отколку во јули или во август. Некако езерото е помирно, воздухот е почист, рибјата чорба во стариот рибен ресторан на пристаништето е повкусна, охриѓани се погостопримливи… Сеуште нема навалица од туристи, па можете на раат да прошетате по кејот или да го испиете утринското кафе во некое од бројните кафулиња. Во продолжение низ фотографии, погледнете како јас го доживеав Охрид овој мај, но пред тоа ќе ви раскажам една случка. Во еден од локалните маркети не можев низ рафтовите да го најдам производот што ми требаше, па побарав помош од една од продавачките. И таа барем 5-6 минути се мачеше да го најде производот. Преместуваше кутии, отвораше и затвораше фрижидери, ѕиркаше на сите страни. Откако конечно успеа да го најде задоволно се насмевна, велејќи: „Пустина да фатиш, се оправ од барање.“ 🙂 А сега, уживајте во фотографиите…

Прошетка

Некој пешки…

…некој со кајче.

Рано утро, рибја чорба…

…задолжително со тазе лепче и макало од лук.

Цвеќиња и знамиња

Ај со среќа…

Оваа фотка од Охрид сите ја имаат 🙂

И Охрид има споменици…за скопјани да се чувствуваат како дома.

Птичја перспектива

Жабја перспектива

Самуиловата тврдина фотографирана од дворот на црквата Света Богородица Перивлепта

Зад трските

Кајче во пензија

Кајче на годишен одмор

Шаренило

Охридски Балкон
Балкон3