Само навидум изгледаше на еден обичен оркестар, кој може да се сретне во најпрометните места, во најразлични градови во светот. Но, откако ќе се доближите да ја слушнете музиката кои ја свират тие луѓе, ќе видете дека тоа не е баш така. Ниту местото е најпрометно, ниту пак оркестарот е класичен. Се работи за добри вибрации меѓу слични души на едно место.
Оркестарот е составен од хармоника, контрабас и албанскиот национален инструмент чифтелија. Хармоникашот и контрабасистот се дел од фестивалот на улични изведувачи „Баскер Фест“, дојдени од кој знае каде, додека свирачот на чифтелија, локален музичар, кој можете секојдневно да го видите по скопските улици.
Оркестарот без име, на самиот влез на турската чаршија ги воодушеви случајните минувачи. Музиката на необичниот состав го сврте вниманието на многу бројните минувачи, па застанавме и ние да уживаме.
Објективот на Балкон3 беше на вистинското место, да ги долови тие интересни моменти. Уживајте во фотографиите!
Хусамедин Гина
[portfolio_slideshow id=9923]