Замислете дека за прв пат патувате во град кој што не ви е познат. Што ќе биде првото нешто што ќе ве привлече, со самото влегување во градот? Дали се тоа импровизираните згради од денешно време лишени од уметнички квалитет? Или, пак, уникатните историски градби кои во добра или лоша состојба успеале да опстанат, и да не бидат дел од правливите страници на историјата?
Ако вашиот избор биде вториот, ајде повелете, од мене слушнете ја приказната за една од тие градби.
Пред неколку дена, тргнав да ги истражувам кулите и градските ѕидини кои владееле во Истанбул. Мојата прва станица беше Бејазит Кулата во истоимената населба. `Оваа кула која се наоѓа во главниот кампус на Истанбулскиот универзитет изградена е во 1749 година за набљудување на пожари и алармирање` велат одговорните во универзитетот. Во републиканскиот период кулата добила дополнителна задача, информирање за временската прогноза. Оваа задача со помош на рефлекторите на кулата продолжила до 1995 година.
По истражувањата кои ги направив дознав дека сината светлина означувала дека утредента времето ќе биде јасно и сончево, жолтата дека ќе биде магловито, зеленото дека ќе биде дождливо и црвеното дека утре ќе паѓа снег.
`Кулата која за прв пат била изградена од дрвени материјали, изгорела во 1774 година во големиот пожар познат под името Џибали. Султанот Мехмет II повторно ја изградил од дрво во 1826 година` ни раскажуваат универзитетските професори. `За жал кулата не ја достигнува конечната форма, бидејќи повторно била уништена. По востанието на Јаничарскиот корпус кулата била запалена уште еднаш. Финалната верзија на кулата е изградена од архитектот Сенекерим Балјан, по наредба на Султан II. Махмут, во 1828 година.
Кога била за прв пат изградена, таа била висока 85 метри, а по изградените дополнителни катови висината достигнала до 118 метри. Со тоа добила 4 ката: Кат за дежурство, кат за сигнализација, третиот за сигналните корпи, и оној на врвот за знамиња.
Во дел од кулето од страната на Плоштадот Бејазит има на натпис дека е сопственост на Султан II. Махмут. Над него има монограм за султанот. Стихот ми привлече вниманието и затоа се обидувам да го прочитам.
Потоа го слушнав гласот на одговорниот на кулата кој што ме придружуваше: `До спратот за дежурство има 180 скали, се колнам имаме тешка задача. Нема ни лифт за да може да се качиме!`. Најпрвин имам страв, но не се откажувам, си велам сам во себе, денес мора да се качиме во кулата!
На крајот, конечно, се отвара многу очекуваната мала врата…
Воопшто не е лесно, 180 дрвени скали ги качуваме чекор по чекор. За среќа светлата по ѕидовите околу скалите ни помага удобно да се качуваме по скалите.
После 10 минутното `маратонско качување по скали` стигнавме до спратот за дежурство. Заради уништените скали горниот кат е затворен за прошетка, затоа ова ни е последна станица. На овој кат за дежурство има точно 12 прозорци. Во страничните и горните делови на прозорците има украси во неутрални бои. Да бидам искрена уметничките пејсажи во кулата многу ми се допаднаа.
Најважниот објект во спратот за дежурство е историската скала направена од челик. Челичната скала која има можност да се собира, мора да има спасено многу животи … кој знае?
Најубавиот и најзначаен изговор за да се посети кулата е фантастичниот поглед кон Истанбул од врвот на кулата. 12 прозорци во кулата со перспектива од 360 степени нуди спектакуларни можности за поглед на Истанбул. Ако сакате да ги видите пејсажите на Златниот Рог (Haliç) и Босфор не ја пропуштајте оваа можност.
Една традиција на Кулата Бејазит: `Ти се роди син`
Во античките времиња кулата на огнот се нарекувала `дворец на пожарот`, набљудувачите на пожарот се нарекувале `жители на дворецот`. Во согласност со традицијата на кулата набљудувачот кој што ќе забележал пожар велел: `Ага! Ти се роди дете! Агата пак прашувал, `Ќерка или син?. Ако огнот е во страната на Анадолија, Бејоглу или во Румелискиот дел на Босфорот одговорот бил `Ќерка`, ако пожарот се случило во внатрешноста на Истанбул одговорот бил `син`.
Ајше Шејда Демир