Даут Пашин Амам e историски споменик на Исламската култура и убав пример на Исламска архитектура. Амамот е изграден од Даут Паша во втората половина на 15 век. Градбата првобитно била поделена на машки и женски дел и имала површина од 900 метри квадратни. Во 1948 година Амамот бил реставриран и адаптиран за својата нова функција-уметничка галерија. Даут пашин амам се наоѓа во центарот на градот, во близина на Камениот мост, Старата скопска чаршија и Калето. Со својата местоположба, монументалност и извонредна архитектура делува импозантно во просторот кој што претставува историско јадро на градот.
По Втората светска војна амамот е реставриран и пренаменет во Уметничка галерија (1948), која што подоцна ќе прерасне во Национална галерија на Македонија. Денес во Даут пашиниот амам е сместена Постојаната поставка на македонската ликовна уметност XIV-XX век.
Оваа поставка практично претставува единствено место каде што може да се види развојот на ликовната уметност во Македонија, од средновековните икони до најнови дела од крајот на дваесетиот век.