Водич низ СКОПЈЕ

Музејот за играчки е мојата поезија

Приказната за Сунај Акин, поет и сопственик на еден од најпознатите музеи за играчки во светот…

Истанбул, Гозтепе, историски бел замок од пет спрата. Вредниот имот, поетот Сунај Акин, го наследува од своето семејство. Имотот го реставрира и го претвора во музеј. И тоа, во музеј за играчки. Покрај своите играчки од детството, Акин со години собира антички играчки низ целиот свет.

“Мотото на музејот за играчки е дека откако ќе излезете од него, со една рака ќе го држите детето, а со другата своето детство”, вели, поетот Сунај Акин.

Музејот е основан во 2005 година, а денес во него има над четири илјади различни играчки. Има играчки од сите градови во Турција. Уште во првата фаза кога ги започнал подготовките за основање на музејот, со години патува во странство, шетајќи низ целиот свет и собира играчки. Играчките ги носел со куфери. Сега благодарение на интернетот, побрзо доаѓа до информации за тоа каде и какви играчки може да набави. Во врска со цените, Сунај Акин вели: „Би можел само нешто да кажам дека играчките навистина се многу скапи.“

ПРОДАЈ КНИГА, КУПИ ИГРАЧКА

„Идејата за музеј почна да се раѓа при посетите во странство. Уште кога бев дете, пред јас да дојдам во Истанбул, Истанбул доаѓаше кај мене. Татко ми поради работни обврски често патуваше во Истанбул и на секое враќање ми носеше играчки“, раскажува Акин.

Сега играчките ги купува со приходите кои ги заработува од продажбата на своите книги. Историската куќа наследена од неговото семејство, која има пет ката, ја обнови и ја претвори во музеј за играчки.

„Тешко е да се пронајде играчка од минатото која е во добра состојба. Ако се пронајде пак, цената е многу висока. Ваквите играчки се продаваат по аукции. Дваесет години ги следам аукциите и собирам играчки. Во историјата на играчките има светски брендови како: Lehmann, Gunterman, Fleischmann, кои се првите фабрики за играчки. Исто така, во светот како брендови се познати и Arnold, Schuco, Marx. Во нашиот музеј се изложени ретки примероци од тие брендови. Сакавме де биде средина каде што на луѓето нема да им биде досадно“, објаснува Сунај Акин.

Во музејот впечаток ќе ви остави и тоа што најмногу играчки има од Америка, Германија и Јапонија. Сунај Акин тоа го коментира на следниот начин: „Во една земја, пред се, треба да се развива индустријата за играчки и тогаш економијата на таа земја ќе биде во пораст. Имено, соништата доѓаат пред реалниот, вистински живот“.

Балкон 3 избор на играчки од музејот на Акин

Виолината произведена 1820 година во Франција е најстарата играчка во музејот.

Во земјотресот што се случил во 1944 година во Кастамону, 7-годишното девојче Билге Ергин, заедно со својата кукличка останала под урнатините. Малото девојче несреќата ја преживеало со полесни повреди, но искршената лева рака на својата пластична кукла ја залепила со селотеп. Многу години подоцна, Билге Ергин, како пензионирана учителка доаѓа во Истанбулскиот музеј за играчки. Со себе ја носи и куклата и ја остава да лежи во таканаречената „Болничка соба“ во музејот. Покрај бебето е оригиналната црно – бела фотографија на 7-годишната Билге со нејзината верна пријателка – куклата.

Бел коњ – Првата играчка која Сунај Акин ја купил за музејот

Играчки од втората светска војна

Хусамедин Гина

Коментари