Турскиот град Истанбул привлекува милиони туристи секоја година, но сите не доаѓаат за да разгледуваат споменици, богата култура и историја. Турскиот мeгалополис однеодамна е познат и како место каде мажите може да си пресадат мустаќи. Тој знак на мажевност и неприкосновен авторитет, и во денешно време е многу популарен во Турција и Азија. Мажи на кои природата не им била претерано наклонета по прашањето на влакна, доаѓаат во Истанбул за да го решат тој проблем кај специјализирани естетски хирурзи.
Сакаат да изгледаат посериозно, да бидат помажествени, и затоа сакаат естетски зафат за пресадување мустаќи, велат турските хирурзи. За тие чекори посебно придонеле и турските ТВ серии кои се прикажуваат и во арапскиот свет. Пациентите сакаат да носат бркови и бради како нашите актери, велат дел од лекарите кои тврдат дека по разговор со пациентите, добиваат најчест одговор од нив – маж без мустаќи е како куќа без балкон.
Во Истанбул денес има околу 250 клиники и приватни ординации кои вршат пресадување бркови и бради. Голем дел од нив соработуваат со туристички агенции кои нудат поволни аранжмани. Освен операцијата вклучен е и престој во хотел, разгледување на градот. Цените на таквите аранжмани се од 2.000 евра.
Балкон3