Мустафа-пашината џамија е главниот симбол на исламската архитектура во Скопје. Импозантен објект кој плени со својата убавина. Се наоѓа на видно место спроти Калето, меѓу два исто така особено значајни културно – историски споменици на градот, црквата Свети Спас и Куршумли Ан. Штом ќе влезете во дворот на џамијата, Ви препорачуваме прво да седнете на една од клупите и да се одморите во мирот кој царува таму.
Можете да го фотографирате шадрванот (еден вид фонтана), тоа го прават речиси сите кои ќе ја посетат џамијата. Во дворот се наоѓаат и турбето на градителот Мустафа паша, саркофгот на една од неговите ќерки, како и остатоци од медресата (исламско религиозно училиште), која некогаш постоела во состав на џамијата.