Доколку сакате да избегате од градската џунгла и да ги одморите сите сетила, а при тоа да не патувате стотици километри, направете неколкучасовна прошетка до Марковиот манастри. Манастирот е оддалечен од Скопје само 20 километри, а до него се стигнува по солиден асфалтиран пат. Целиот манастирски комлекс и неговата околина наликуваат на сцена од бајките. Жуборот на Марковата река, која тече веднаш покрај манастирот, впечатиливата порта, изработена од масивно дрво, секогаш средениот двор и манастирот стар седум века прават да почувствувате некоја чудесна хармонија. Во дворот на манастирот има бунар со студена вода, мини музеј, галерија со икони, мошне впечатлива камбанерија и една стара подземна воденица, која секогаш го привлекува вниманието на посетителите.
Секако тука се и манастирските конаци во кои живее женско монашко сестринство, но многу ретко може да сретнете некоја од калуѓерките. Марковиот манастир во минатото бил еден од најзначајните културно просветни и книжевни центри, во кој се наоѓале голем број значајни ракописи, но за жал најголем дел од нив не се сочувани. Ако сте во Скопје на 8 ноември задолжително прошетајте до Марков манастир, бидејќи на тој е ден е празникот на заштитиникот на манастирот, Свети Димитрија.