19 работи што треба да ги знаете за скандинавската кујна – Интервју со шеф Трајче Кралев од Свети Николе, кој со години подготвува специјалитети во ресторан во Норвешка
Како дојдовте на идејата да заминете за Норвешка? Тоа не е земја која е на врвот на списокот за заминување на работа во странство. Барем што се однесува за Македонците.
Па добро, можеби не е земја која е на врвот за работа но сепак е навистина прекрасна земја и може да се научи многу, но и секако да се заработи. Норвешка за нас Македонците и не е баш позната земја, на почетокот потоеше во мене некоја неизвесност дали соодветно ке одговорам на зададените обврски околу сканднавската кујна , некои нивни специјалитети, дали соодветно ке се вклопам во нивниот менталитет, но тоа беше само почеток, сега е навистина супер.
Имавте ли некој тест на работа пред да ве примат, на пример требаше ли да зготвите нешто, па тоа некој да го оцени? Како течеше тој процес?
Претходно имав некои подготовки, беше потребно да имам барем мало познавање од скандинавската кујна и некои нивни специјалитети и јадења да ги научам, што и не беше така тешко за мене. Секако кога отидов таму имав некои така да ги наречам „предизвици„ преку подготовка на јадења од моја страна кои што многу успешно ги поминав.
Како ве прими Норвешка? Норвежаните, воопшто Скандинавците овде уживаат имиџ на воздржани луѓе, што со странци потешко остваруваат другарство, блискост?
Да, уживаат имиџ на воздржани луге. Јас навистина имам добро искуство, со нив контактирам , се дружам , но сепак мислам дека е многу важен пристапот кој што го имаш, тоа ја каректеризира твојата личност а тоа секако се гледа и забележува.
Од почеток ли работите на исто место или веќе сменивте работа?
Не, уште од почетокот сум на едно место односно сум во „Hanko Fjordhotell & Spa“ и сега во моментов не планирам да менувам ниту место ниту позиција ххахаха. Се шегувам сега во моментов сум тука но не значи дека постојано ќе бидам ,можеби ке сменам град, ресторан, не знам времето ќе ги донесе промените кога ќе се створат услови за тоа.
Што го привлекува вашето внимание најмногу во последно време, што е предизвик да се готви во Норвешка?
Па не знам, некако во последно време постојано сакам да приготвувам специјалитети кои што не се карактеристични за нашето поднебје. Се трудам секогаш кога ке научам нешто ново да го надградам сето тоа на мој начин.
Што јадат најмногу Норвежаните? Претпоставувам дека рибата зема важно место во исхраната на луѓето во сите скандинавски земји?
Нема збор дека рибата е нивниот најнационален продукт. Без оглед дали е сушена, сирова, солена или преработена. На нивните трпези преовладуваат чаден лосос, харинга, сушен лосос, бакалар, сардела и многу други. Исто така рибите ги обработуваат и со додавање на шеќер, оцет и други состојки. Покрај рибата тука се школките, ракот, но и многу специјалитети поврзани со морската храна.
Можам да кажам дека Норвешка е еден од најголемите консументи на млеко и млечни производи. Интересно е што произведуваат благо козјо сирење, кое се нарекува Бруност, како и Геитост – козјо сирење со благ вкус на карамел.
Освен рибата кои други специјалитети можеме да ги издвоиме како препознатливи за Норвешка?
Па вака, мислам дека по консумација на месо заостануваат во однос на другите развиени земји, но сепак кај нив се јаде егзотично месо како она од елен, лос и фазан. Најчесто месото го јадат со сос од павлака.
Според зборовите на норвежаните, јагнешкото месо кај нив е едно од највкусните меса на светот. Еден од специјалитетите кои се подготвуваат со ова месо е „Фарикал“. Станува збор за варено јагнешко месо со зелка и бибер. Друг специјалитет во кој подеднакво уживаат се сувите овчи ребра, кои се нарекуваат „Пинешот“.
Норвешките десерти не заостануваат зад другите нивни специјалитети. Најстариот нивни десерт е „Гоме“ или десерт од млеко, јајца и кафен шеќер. Нивната торта „Блоткаке“ со шумски плодови е еден од највксуните десерти на северот на Европа. Прават и еден вид на палачинки кои се познати како „Лефсе“ а ги подготвуваат од компири и по пржењето се посипуваат со цимет.
Што се пие таму најмногу вино, жестоко, пиво?
Па, добро квалитетно вино никаде не изоставува како пијалак па ни во Новершка не може да се прескокне. Вино не произведуваат и затоа пијат увозни вина. Кога станува збор за други пијалаци, тука е пивото и „Аквавит„ кој е жесток алкохолен пијалак и се прави од компир . Му се додаваат и зачини како анис и коријандер.
Се јаде ли брза храна, каква е културата на исхрана таму?
Брзата храна е насекаде околу нас. Ја има и во Норвешка но секако норвежаните се народ кои што сепак се држат до здравата исхрана.
Патувате ли низ земјата, како се живее воопшто во Норвешка?
Норвешка е една од најубавите места за живеење и работење,колку ми дозволува времето шетам и уживам во убавините кои се насекаде.
Од култура, забава, ноќен живот, што би издвоиле како покарактеристично за Норвешка?
Имаат специфична култура, префинет народ, малку скржав на емоции хахахаха, ама Норвешка е прекрaсна и богата земја и не може да нема фасцинантен и убав живот, но, морам да потенцирам и скап.
Имаат ли слушнато во Норвешка за некој македонски производ, можеби за вината, оваа гранка и компаниите производители во последно време доста вложуваат во реклама, маркетинг?
Мислам дека како држава треба уште многу да вложуваме во многу наши вистински македонски производи за да можеме да станеме препознатлив бренд на пазарот. Сепак не можам да кажам дека не се сретнуваат македонски производи, има да, но во мали количини. А што се однесува за вината, претежно се од италијанско и шпанско потекло.
Што мислите, што е најважно, што треба да направи еден производител на храна, да го направи познат својот производ, да направи бренд?
Квалитет, квантитет, цена, транспорт, сето оваа обвиено со реклама, плус разработени дистрибутвни канали. Тоа заедно би можело да доведе до почетен тек до создавање на брендот.
Што е најважното да се зготви едно добро јадење, да ги импресионирате и претпоставените шефови но и гостите? Дали е тоа можеби оригиналноста на рецептот, или квалитетот на состојките или пак нешто друго?
Секако дека квалитетот на состијките споени со добар рецепт играат главна улога, но морам да нагласам дека готвењето со љубов е клучот за вкусен специјалитет J
Имаат ли допирни точки воопшто скандинавската и медитеранската кујна?
Ми се допаѓа кога се мешаат различни кујни . Тоа секогаш е толку многу забавно и интересно да се најдат нови комбинации . Според мене Скандинавскате кујна е позната по чистиот вкус, едноставна е и СУПЕР здрава , а додека Медитеранската кујна е посложена, со мешање на повеке вкусови, здрава и СУПЕР вкусна.
Им правите ли на гостите понекогаш некое македонско јадење на пример? Сте пробале ли, како реагирале?
На гостите не сум, но сега сум во план персоналот да ги изненадам со наша Светиниколска пастрамајлија ……. па ке видеме, импресиите и некоментарите во следна прилика J
Што најмногу ви недостасува од Македонија кога е во прашање храната?
Од македонската храна најмногу ми недостасуваат традиционалните јадења кои ние така прекрасно и превкусно ги зготвуваме што мислам дека тие не би можеле толку идентично да ја доловат нашата кујна, па секое слободно време го искористувам за подготвување на македонски јадења.
Имате семејство во Свети Николе, како остварувате комуникација, доаѓаат или доаѓате?
Искрено со моето семејство сум постојано во контакт.Имам сопруга и петгодишна керка ,мајка, татко, сестра и секојдневно остваруваме контакти преку социјалните мрежи. Сега бев во Македонија , но секако наскоро и тие ке дојдат тука одреден период, да се запознаат со дел од убавините на Норвешка.
Какви се плановите за во иднина? Искачување нагоре на лествицата за поодобра работа, можеби отворање сопствен ресторан?
Во моментов сум задоволен со работата тука,но ми се допага и начинот на живеење.Не ја исклучувам можноста за да живеам тука со моето семејство. Насоката на движењето на животот е непредвидлива J.
Се трудам да се надоградам со искуства кои би дале добар резултат во кариерата. Секако, имам планови кои не би ги открил сега J……… Којзнае , можеби во иднина и ресторан. Секој готвач има желба за свој ресторан каде ке може да се внесат сите специфични и одбрани специјалитети .
Повеќе информации за Трајче Кралев на неговата фејсбук страница: https://www.facebook.com/Chef-Trajce-Kralev-1416154238664726/
Дарко Чекеровски