Водич низ СКОПЈЕ

Мајке на Таксират – Јас сум иднината

Требаше да поминат многу години за да се исправи една голема музичка неправда. Да ги видиме  и чуеме Горан Баре и неговите Мајке на концерт во Скопје. За среќа, тоа се случи на 28.12.2013 година, како дел од 15-то издание на Таксират фестивалот, кој од година во година од колку толку респектабилен фестивал, барем  за некои овдешни стандарди, се претвара во квази ska\punk\reggае тинејџерска манифестастација со се послаба и послаба посетеност. Но за тоа, во друга прилика, можеби.

majke1

Според најавената сатница, Мајке се појавија на сцената окулу 19,45 часот. И покрај околностите што не одеа во прилог на нивниот настап, прераната сатница за настап, недоволната посетеност до тој момент, релативно лошото „наштимано“ озвучување …, Баре и компанија дадоа се од себе нивниот прав настап во Македонија да остане во добро секавање. Put ka sreci, A ti jos places, Budi ponosan, Teske Boje … и за крај, Ja sam buducnost се дел од песните што ги исполнија во својот педесетминутен настап. Кратко патување низ дел дискографијата на Мајке и  соло пректите на Баре со акцент на последниот албум Teske Boje. Уживање за љубителите на вистинскиот полнокрвен rock’n’roll, како и за оние што ке станат тоа, после овој настап, секако.stef i bare

Формирани некаде во втората половина на осумдесеттите години од минатот век во Винковци,  под силноblues влијаниеи инспирирани,пред се,од Flamin’ Groovies, како и од proto-punk бендовите MC 5, Stooges и New York Dolls, со кратки прекини и со неколку персонални промени Мајке свират до 2000 година. Јадрото на бендот го прават авторскиот двоец Горан Баре, вокал и Зоран Чалиќ, гитара. Во овој период снимаат шест албуми, трансформирајќи се од група со култен клупски статус во последните години од поранешна Југославија,  до главна rock атракција во повоена Хрватска и во регионот. Повторно се оформуваат во 2007 година, и објавуваат уште два албума. За албумот Teske Boje објавен во 2011 година, конечно ќе ја добијат и одамна заслужената хрватска дискографска награда Порин. Во периодот кога Мајке паузираат, харизматсиот лидер Горан Баре со бендот Placenici објавува три албуми.

drustvo

Фален и оспоруван, кариерата на Баре е обележана со пoдеми и падови,  борба со зависност од дрога и алкохол. Во 1995 година доживува тешка семејна трагедија. Од предозираност умира неговата сопруга. Во тој тежок период, во живот го одржува љубовта и грижата кон неговиот син и по овие премрежија, успева да застане на нозе и да се врати на Мајке и музиката.

Гордан Миланов

Коментари