„Прво почнав да фотографирам со мобилниот телефон на татко ми, но магијата на „ловењето“ слики и моменти брзо ме освои. Првиот фото апарат го добив на 12 години и од тогаш имам направено илјадници фотографии“. Вака ја почнува својата приказна Ајданур Незир, победничката на фото конкурсот, кој во текот на минатиот месец го организираше веб порталот Балкон3.
Иако има само 17 години, Ајданур е голем вљубеник во фотографијата. Вели дека сака да фотографира се` што ќе и` го привлече погледот. Обожува да патува, а омилени градови, кои сака да ги „освои“ со нејзиниот објектив се: Каиро, Бангкок, Њу Делхи и Рио Де Жанеиро. Не крие дека има голема желба и професионално да се занимава со фотографирање.

Ајданур со наградата од Балкон3 – фотоапарат од марката FujiFilm
Ние тврдиме дека Ајданур веќе е одличен фотограф, а најдобар доказ за тоа се фотографиите во прилог. Уживајте!
Балкон3
Фото: Ајданур Незир