Во буквален превод овој позната турски специјалитет значи “тесто со месо.” Познат е и под изразот турска пица. Иако според многумина највкусен лахмаџун може да се проба во Истанбул, вие не мора да патувате до таму. Засукајте ракави и испробајте ја вашата кулинарска способност и направте лахмаџун со домашни услови. Ги имате сите детали, потребно е малку волја и умешност. Аfiyet olsun!
Состојки за подготовка на тестото
5 шолји брашно
1 сув квасец
1 лажичка шеќер
1 + ½ шолја топла вода
малку маслиново масло
Во мал сад измешајте го квасецот, шеќерот и водата. Добро измешајте ги состојките. Покријте го садот со проѕирна фолија. Нека одстои на собна температура 20 минути.
Во поголем сад измешајте го брашното со остатокот од водата и додадете го растопениот квасец. Измесете тесто, кое треба биде меко. По потреба додадете вода или брашно. Тестото обликувајте го во топка и намачкајте го со масло. Покријте го со фолија и оставете да нарасне. За еден час, откако доволно ќе нарасне поделете го на 10 до 12 парчиња. Расукајте ги да бидат со дебелина до 0,5 сантиметри. Во меѓувреме направете го преливот.
Состојки за подготовка на преливот
1 килограм мелено месо(говедско или јагнешко)
лук
кромид
магданос
сол
неколку домати
маслиново масло
малку лимонов сок
На маслиново масло прво запржете го исечканиот лук и кромид. Потоа додадете го меленото месо и ситно исечканите домати заедно со зачините и лимоновиот сок. Подготвената смеса распоредете ја на претходно расуканото тесто. Печете на 180 степени се додека рабовите не добијат златна боја. (З.З.)