Лекции научени од грчките студенти во британско – индиската кујнаНеколкуте декади на живеење и студирање во Велика Британија оставија трајни и неизбришливи траги кај многу генерации на Грци. Секако, сеприсутната британско-индиска кујна е едно од најнеизбежните влијанија. Еве еден рецепт со кари за хранлива, брза и лесна супа. Не е совршено јадење само за студенти, туку секако, за сите!
Оваа посебна фузија на вкусови звучи егзотично, но можете да експериментирате слободно со количината и различните зачини и состојки. Така што, слободно, прилагодете ја по сопствен вкус и уживајте:)
Состојки:
500 гр моркови
1 парче праз
2 супени лажици путер или маргарин
3 супени лажици брашно
1 литар жешка вода од зеленчук (од продавница или дома подготвена)
1 свежо гранче мајчина душица или 1 лажица сушена мајчина душица
1 лажица луто кари
1 шолја млеко
Сол и црн бибер
Половина кора од портокал
Една чашка цврст јогурт или павлака
Подготовка:
Исчистете ги морковите и исецкајте ги на поголеми тркалца. Исчистете го празот и исецкајте го на кругчиња. Ставете ги во големо тенџере и пржете ги во маргаринот или путерот околу пет минути, на средно силен оган. Истурете го брашното врз зеленчукот и мешајте околу 2-3 минути. Ставете ја водата од зеленчук, додадете го карито и мајчината душица, намалете на тивко и варете додека зеленчукот не омекне, промешувајќи од време на време. Отстранете го зеленчукот со лажица со дупчиња (перфорирана лажица), ставете ги во блендер да се измелат, или само испасирајте со вилушка и потоа вратете ги во тенџерето заедно со млекото и оставете да се варат уште десет минути (а тука додадете и сол и црн бибер). При сервирање ставете во една лажица павлака во секоја чинија со супа и иситнете малку од кората од портокал.
Уживајте во оваа несекојдневна супа на Балкон3:)
Софија Николау