Водич низ СКОПЈЕ

Коринтскиот Канал слави 120 години постоење

TR GR EN

korint cover (1)
Грците на шега го нарекуваат “одводот” и навистана според современи стандарди тоа е прилично мал воден премин: околу 6.5 км долг, 16.5 м широк, 8 м длабок, но заштедува некои 700 км кружење околу Пелопонез и неговите незгодни јужни ‘ртови. Каналот овозможува брза врска помеѓу Егејското и Јонското море следствено скратувајќи го патот помеѓу Јадранското море, источниот Медитеран и Црното море.
korint 02  korint 3
Ова е причината зад 2000 години старата желба да се направи овој премин… до моментот кога се создадоа идеални услови за тоа – комбинација на индустријализација и вистинските луѓе на власт кои го овозможија остварувањето на проектот во летото 1893.

СуецКоринт ПанамаКасос!
korint 4
Работата на каналот била прилично комплицирана за тоа време. Потребни биле 2500 работници кои користеле најнова технологија (вклучувајќи машинерија за создавање експлозии од фабриките на Нобел во Германија и Италија) под надзор на инженери и архитекти од цела Европа.
korint 5
Работата на каналот била отпочната во првите години на создавањето на Грчката држава од страна на првиот гувернер Јанис Каподистриас, но францускиот инженер кој бил избран за оваа задача побарал огромна сума пари па неговиот план бил одбиен. Отворањето на Суецкиот Канал ја поттикнало владата на Заимис да донесе закон за отворање на грчки канал истата година и започнале со потрага по странски партнер. Тоа повторно се покажало како тешка задача бидејќи три компании, Француска компанија, унгарски инженер и уште една француска фирма банкротирале во текот на изборот. Конечно, придонесот на Андреас Сигрос, бизнисмен и помагач на Грчката држава во нејзините почетоци, овозможи проектот да биде завршен 3 години подоцна. Тоа беа времиња кога се одвиваа првите големи потфати во изградбата на инфраструктура за време на владата на Трикупис чиј железнички систем низ целата тогашна грчка територија во голем дел постои и денес.

Неколку години подоцна илјадници грчки работници (некои од нив веќе искусни) биле ангажирани од Французите во изградбата на Панамскиот Канал. Првиот брод кој поминал низ Панамскиот канал, американскиот брод на пареа SS Ancon, бил управуван од капетанот Никитас Мавракис, преименуван во Џон Константин од страна на американските морепловци. Мавракис потекнува од малиот остров Касос во Додеканезите (острови во југоисточниот дел на Егејското море) кој е родно место на многу капетани и поморски инженери кои долги години работеле на Панамскиот и Суецкиот Канал.

Рани неуспешни обиди

Последни кои се обиделе да пробијат канал биле Венецијанците во XV век. Нивниот неуспех бил последен во низата домашни и странски владетели кои се обидувале да го направат истото.

Идејата да се премине овој теснец кој ги поврзува полуостровот Пелопонез и копното датира од 600 п.н.е. за време на владеењето на еден Коринтски тиран. Идејата постоела но не и потребната технологија. Успешните трговци од древниот гламурозен Коринт не сакале да претрпат загуби поминувајќи по камената патека која била набргу изградена тркалајќи се по дрвени шини со помош на робови и коњи.

За време на владеењето на озлогласениот Римски Император Нерон започнало да се гради според плановите на Јулиј Цезар и Калигула. Интензивната работа на неколку илјади робови конечно била целосно согледана во ерата на современи конструкциски изведби, вклучувајќи 26 пробни бунари со длабочина од 10 метри кои се раштркани во должина од 3300 метри.
korint 6

Остатоци од каналот на Нерон како што се прикажани на мапа од 1881 год.

Археолошките ископувања во 60-тите донесоа и други откритија од античкиот период, како што е патеката на Диолкос каде сè уште се видливи траги од патеката за бродови.
korint 7
Каналот сега
korint 8
Иако денес каналот е премногу тесен за големи товарни бродови и воглавно се користи за туристички, секоја година околу 15.000 бродови од најмалку 50 различни држави пловат низ него. Неодамна се започна со работа на проширување и продлабочување на каналот за да можат да проаѓаат траекти кои тргнуваат од пристаништето во Пиреа и одат кон популарни дестинации на островите во Јонското море и Италија. Три моста за возила и возови го поминуваат каналот на теснецот близу древниот град Коринт. Два потопни мостови ја регулираат пловидбата на влез и излез од каналот.
korint 9
Оддалечен приближно 60 км од Атина теснецот е популарна попатна станица за милиони луѓе секоја година. Посетителите ги набљудуваат спектакуларните стрмни карпи, синилото на водата, неизбежно фотографираат и… уживаат во култното суфлаки од теснецот.

Исто така, од 50-тите години вкусот на (еднакво култната) “Казино” баклава спакувана во алуминиумска фолија е нешто кое мора да го пробате како и сите посетители на ова популарно место за одмор на Пелопонез. И покрај затворањето на ресторанот во “Казино”  и продавниците за пециво по должината на автопатот Коринт – Патрас (новиот заобиколен пат од почетокот на 21 век ги пресели рестораните малку подалеку) се  вели дека не можете да ги избегнете овие старомодни десерти – легендарните слаткарници сè уште ги испорачуваат своите производи низ целиот регион.

Канал за авантуристи

Поради статусот кој го ужива каналот е место за бројни ризични потфати. Имено, земјотресот кој го потресе регионот во 1981 натера неколкумина мотоциклисти да организираат спектакуларен акробатски крос со цел да соберат средства за луѓето кои ги загубиле своите домови. Вистински скок со мотор беше изведен во 2010 од австралиски мотокрос шампион во слободен стил кој прелета преку теснецот на 95 метри височина со брзина од 125 км на час.
korint 10
Натпреварувачите во стоечко веслање го поминуваат каналот секоја година како дел од редовната програма на светскиот шампионат. Мирните води на каналот им го олеснуваат патувањето.
korint 11
Шампионатите во возење скутери на вода ги брануваат водите на Коринт.
korint 12
Последно, но не и најмалку важно, банџи скокање…
korint 13   korint 014
На теснецот среќавате еден куп решителни луѓе. Опрема и патики ги очекуваат смелите – а во случај да мислите дека ова искуство би можеле и да го заборавите тука е екипажот да го сними вашиот скок.
korint 15

Јас, ако ме прашате, би се задржала на активности од типот суфлаки/фотографии/зјапање во вода но… како што кажал Нерон (или старите Римјани) за вкусовите и боите не се расправа! Коринтскиот Канал очекува да го посетите и уживате во неговите убавини!
korint 16

Софија Николау

Коментари