Водич низ СКОПЈЕ

Концерти, изложби, театар, филм… на БОШ фестивал

Kонцерти, изложби, филмски проекции, театарски претстави, поезија, уметнички перформанси и работилници на петтото издание на Мултемидајалниот арт фестивал „БОШ“. Фестивалот, кој ја промовира независната културна и уметничка сцена, ќе се одржи од 23ти до 25ти август на повеќе локации во Гевгелија. Како и секоја година, сите настани се бесплатни.

Во музичката програма засега се потврдени: Zebra Tracks од Атина, Грција, Клопка за пионира од Панчево/Белград, Србија, Zea од Амстердам, Холандија (член на култните ‘The Ex’)… Од македонските изведувачи ќе настапат The John & Space Rebel Gang и Дa Џака Накот, a предвиден е и freestyle jam session на дваесетина домашни, странски и локални музичари од Гевгелија. Од имињата од домашната електронска сцена тука се и Дени Трајков, Martchin [OffPop] и PMG Kolektiv.

Zebra Tracks

Zebra Tracks

На фестивалот ќе биде прикажан и multi-screen филмот „Julius“ на Elastic Theatre од Лондон (прогласена за најдобра театарска компанија за 2012 година / 2012 Fringe Report Award for Best Theatre Company), а нивниот уметнички директор и продуцент Jacek Ludwig Scarso ќе оддржи и работилница за интерактивен театар. Со свои изложби ќе бидат присутни Атанас Ботев, Маја Кировска, како и Мултимедија Центар од Гевгелија.
За ова јубилејно издание, организаторите работат и на обезбедување кампинг простор, а исто така во најава е и дневна шема насловена „Bosh Rechargeable“, која е предвидено да се случува на „Сифулајските острови“ во Гевгелија.
Фестивалот е совршена можност преку конзумирање на уметност да се почувствува гевгелиската опуштеност и медитеранскиот шмек на овој град. Замислен како мултимедијална платформа низ која се слави креативниот израз во урбан контекст, но и континуиран процес на создавање на еден поразличен, несекојдневен и неконвенционален јавен простор…
БОШ Фестивал е посветен на прерано починатиот поет и актер Бошко Бозаџиевски. Фестивалот е во организација на здружението АРТ ЕКВИЛИБРИУМ од Гевгелија, во партнерство со јавната општинска установа Дом на култура „Македонија“.

Повеќе информации за настанот можете да најдете на официјалната web страна на фестивалот.

Коментари