Водич низ СКОПЈЕ

Јавен повик за експертски позиции

                                                                                                                                                            

ЈАВЕН ПОВИК

за отворени експертски позиции

 

Здружение за промоција и унапредување на културните вредности, КОНФИДЕНС Скопје, за потребите на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAID/163963/DD/ACT/MK и Договорот за грант потпишан меѓу НВО Конфиденс и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/413 – 876 објавува повик за ангажирање на експерти кои ќе работат на подготвување на документарни филмови на теми поврзани со човековите права.

Опис и цели на проектот: 

Активностите на проектот ќе бидат насочени кон развивање на механизми за набљудување на човековите права и подобрување на заштитата при спроведувањето на основните права и слободи, како и откривање на што треба да сторат институциите за да работат врз основа на принципите на ЕУ.

Општата цел на проектот e подигнување на свеста кај јавноста за постојните бариери за мониторинг и заштита на човековите права во Западен Балкан преку кратки документарни филмови и анимирани видеа.

За подготовка и креирање на кратките документарни филмови потребени се експерти од следните области:

  • сценарист
  • новинар / организатор
  • камерман
  • видео едитор
  • наратор
  • аниматор

 

Деталните инструкции за отворените позиции, потребно образование и искуство, начин за доставување на понуди како и придружната документација за аплицирање може да се најдат на следниот линк: https://drive.google.com/open?id=1DhsNjNW5elqVnRvhfe7kTVf8HxpC4qL5

Краен рок за доставување на понудите е 22.05.2020, 12:00ч.

Изборот на експерти ќе се врши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда на база на принципот ,,најдобро понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

 

Коментари