Повик бр. 03 – ТС/2019/413876 – 020
за ангажирање на обучувач
Здружение за промоција и унапредување на културните вредности, КОНФИДЕНС Скопје, за потребите на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAID/163963/DD/ACT/MK и Договорот за грант потпишан меѓу НВО Конфиденс и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/413 – 876 објавува повик за ангажирање на обучувач за спроведување на обуки за грант менаџмент, наративно и финансиско известување.
Општата цел на проектот e подигнување на свеста кај јавноста за постојните бариери за мониторинг и заштита на човековите права во Западен Балкан преку кратки документарни филмови и анимирани видеа. Активностите на проектот се насочени кон развивање на механизми за набљудување на човековите права и подобрување на заштитата при спроведувањето на основните права и слободи, како и откривање на што треба да сторат институциите за да работат врз основа на принципите на ЕУ.
Во рамки на проектот предвидени се две дводневни обуки во 2021 за вкупно 20 претставници од локални организации кои добиле грант од Проектот.
Ангажираниот обучувач ќе работи на следните специфични работни задачи:
- изработка на грантова шема за доделување мали грантови на локални организации од областа на човекови права и нивно видео документирање, а во соработка со проектниот тим;
- изработка на апликативно досие за грантовата шема (инструкции за апликанти, можни прашања и одговори, модел апликација со логичка рамка, модел буџет, модел наративен и финансиски извештај);
- имплементација на две дводневни обуки во 2021 за вкупно 20 претставници од граѓанскиот сектор кои добиле грант, од кои едната обука е на тема проектен менаџмент за добиениот грант, а втората обука е за наративно и финансиско известување;
- подготовка на матерјали за учесниците на обуките;
- подготовка на извештај по завршување на ангажманот.
Потребни квалификации и вештини
- Универзитетска диплома по општествени науки;
- Најмалку пет (5) години работно искуство во струката;
- Претходно искуство при подготвување на грантови шеми;
- Искуство со спроведување на обуки за грант менаџмент и известување;
- Силни интерперсонални вештини, јасна комуникација, фацилитаторски и презентациски способности;
- Вештини за тимска работа
Специфично професионално искуство
- Претходно спроведени обуки ќе се сметаат за предност.
Потребни документи за аплицирање:
- Професионална биографија со наведени мин. три лица за препораки
- Писмо за намера (најмногу 1 страна) со потенцирани слични ангажмани
- Предлог програма/агенда за обуките
- Финансиска понуда – бруто цена од работен ден за работни задачи
Во рамки на овој повик ќе биде ангажиран еден обучувач. Предвидени се 8 работни дена за вкупниот ангажман (2,5 работни дена за подготовка на апликативно досие, 1 ден за подготовка на обуки, 4 дена за обуки, 0,5 ден за известување)
Потребните документи се доставуваат на емаил: doweresembeeu@gmail.com и ngo.konfidens@gmail.com со наслов: Понуда за повик 03 – ТС/2019/413876 – 020, а најдоцна до 20 декември 2020, до 16:00 часот. Пријавите пристигнати по рокот, нема да бидат земени предвид.
Изборот на обучувачи ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда на база на принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
09/12/2020