Речиси 40 години сум граѓанин на Истанбул, затоа чуствувам должност да раскажувам за Истанбул. Мојата прва репортажа ќе биде во друштво на турско кафе со малку шеќер. Тоа ви го препорачувам и на Вас. Кога ќе излезете да прошетате меѓу мирисите на анасон и риби, однапред заслужувате да се напиете едно кафе.
Знам дека воведот во репортажата е малку романтичен, но морам да кажам дека овој дел е важен затоа што стотици години Грците, Ерменците и Турците овде живееле во мир, и затоа станале херои на романтичните приказни на Саматја…
Во Саматја има само еден плоштад, кој во историјата бил сведок на големи љубови, кавги, непријателства, пријателства… Но, секогаш мирисал на море, и.. можеби се што било негативно било однесено од морското ветре, кое секогаш ги освежувало нивните истории, им давало надеж.
На западниот дел од Саматја се наоѓа Једикуле, а на исток Јеникапи.Чаршијата и пазарот во деновите кога е ветровито мириса на море, а занаетчиите секогаш се топло расположени на ова место. Покрај историските градби и цркви, таверните стари стотици години се уште една дополнителна причина да се посети ова место.
Во периодот кога рибата ја има премногу, сардината и паламидата се заменуваат со сината риба. Посетете ги тезгите на рибарот Садетин и Тома и разгледајте ги рибите. Ако имате потреба од одмор посетета ја 100 години старата меана САФА. Ако душата ви посака школки, (ако не посака, нека посака), посетете го специјалното место за школки “Midyeci Arap” koj подготвува долми од школи и тава од школка.
САФА била била изградена во 1895 година, а меаната ја водел Грк. Во ова историско и прекрасно место со висок таван, секако мора да нарачате албански џигер.
Го наполнивме стомакот, па сега е време да го запознаеме местото. Покрај авенијата Мармара се наоѓа Црквата Сурп Кеворк (воден манастир), која е една од најважните и најпрестижните византиски цркви во тоа време. Во градината има еден прекрасен бунар. Од таму го добива и името воден манастир. Се верува дека оваа вода е добра за очни болести. Во 1461 година манастирот се дава на ерменската заедница како Патријаршија, а во 1866 години во голем пожар гори до темел и потоа повторно се гради.
Матја на грчки значи око, па ако имате време посетете го кафичот Матја со автентична и интересна декорација, која се наоѓа под една стара грча куќа. Задолжително треба да се посети и Једикуле каде што појадоците се придружени со свежи салати од копар, босилок, се многу познати. Но, веќе од поодамна ги нема свежите градини и овоштарници кои тркалата на капитализмот ги зеде како курбан.
Другата стара црква е Св. Мина, се вели дека е од 4 или 5 век. Гробиштата на двајцата светци (Карпош и Папилос) се наоѓаат тука. На ред е Ага амамот, дело на Мимар Синан. Амамот е изграден во 1542 година, но потоа била оставен на својата судбина. Во 2008 години се обновува, но бидејќи е даден под кирија на приватно лице, повеќе не се користи. Всушност сакав да ве запознам со уште многу локали на ова место особено и ќепабчилницата која е многу позната но, би сакал да не навлегуваме во тие води, започнавме со риба да завршиме со истата.
Во ова населба има рибарски музеј во кој и јас сеуште немам отидено. Мислам дека е единствениот музеј за риби во земјата. Сместен е во засолништето за риби Коџамустафапаша, основач на музејот е г-динот Хајдар Дениз, може да претпоставите дека се работи за љубител на риби. Повторно можете да претпоставите дека немал никаква поддршка од државата или од приватниот сектор. Музејот е потполно личен напор, јас секако дека еден ќе го посетам овој музеј и ќе ги видам 650 вида морски животни. Се надевам дека понатаму нема да бидам принудена да го видам само музејот.
Нилуфер Акча