За Истанбул велат дека е градот од бајките. Од почетокот на неделата градот на бајките стана “снежен град од бајките”. Снегот без да престане паѓа 45 часа. Градот се соочува со најстудениот ден во последните 33 години. Во архивата на метеоролошкиот завод ваков студ не е забележан, додека пак во Истанбул можат да се забележат фотографии како од разгледници.
Градот се претвори во огромен паркинг. Поголемиот дел од граѓаните ги послушаа предупредувањата на властите и затоа го користеа јавниот транспорт.
Граѓаните кои пак се решија да користат сопствен превоз и не ги послушаа предупредувањата на властите имаа тешки моменти во сообраќајот. Дежурните телевизиските камери ги евидентираа сообракајќите, кои ги имаше во голем број. Над илјада сообраќајки за два дена. Сопирачките не функционираа на замрзнатите патишта. Формирани се километарски редици од возила.
И претседателот на Турција Абдула Ѓул на својот твитер профил ги објави фотографиите каде фрла со снежни топки.
Хусамедин Гина
Фотографиите се преземени од турските медиуми