Водич низ СКОПЈЕ

ИМАМОТ СЕ ОНЕСВЕСТИ! ( İMAM BAYILDI) !

TR GR EN

Постојат голем број на приказни за тоа од каде потекнува името на ова вкусно јадење, имам бајилди. Иако се разликуваат помеѓу себе, сите завршуваат на ист начин, на крајот на приказната имамот се онесвестува. Според некои гласини имамот се онествестил од вкусот на јадењето подготвено од неговата сопруга, според други од разновидноста на сосотојките, според трети пак имамот се онесвестил поради тоа што се прејал од вкусното јадење.

Балкон3 истражуваше и заклучи дека сепак најверојатната приказна е следната:

İMAM-BAYILDI23

Било време на војна и глад. За да можат сите да се нахранат на измелената пченка се додавало кочан, ореви и кора од дрвја. Поради недостиг на храна во секој дом постојано се готвело супа од кромид и брашно. Храната се чувала по подрумите и се консумирала штедливо и што е можно повнимателно. Во тој период на недостиг на храна и глад живеел нашиот имам. Тој бил многу итар и многу добро се разбирал од филозофијата на штедење па подрумите ги наполнил со храна. На сопругата не и дозволувал да ги користи залихите од храна, па таа била принудена да прави едно исто јадење. Еден ден таа се налутила и почнала да се расправа со него. „Г-дине, во подрумот имаме разни видови на храна, но и покрај тоа ние сме речиси гладни. Се срамам од тоа што сум жена, а не можам да готвам по избор.. Да зготвам едно убаво јадење, и да уживаме во нековиот вкус“ рекла сопругата, обраќајќи се до имамот.

imam2

Можно ли е такво нешто жено? Во земјата има војна, постои недостаток на храна. Треба да бидеме штедливи, сакаш ли да останеме гладни?“, одговорил имамот. Жената многу се налутила од овој одговор. Еден ден сите залихи на храна од подрумот ги разделила на комшиите. Останал само кромид, домати, пиперки и модри патлиџани. Од нив таа направила вечера за имамот. Имамот кога видел толку многу состојки во едно јадење се изненадил. Со доза на лутина почнал да вика по сопругата. Таа му одговорила: „Г-дине денес е посебен ден, ви зготвив убаво јадење за да зајакнете и да уживате во вкусот`. Имамот после овие убави зборови омекнал и и се заблагодарила на сопругата и пробал од јадењето зготвено од модри патлиџани. Но сепак ја предупредил уште еднаш да не прави големи трошоци. Станал од софрата и отишол право во подрумот за да види каква е ситуацијата со резервите храна. Што да види, подрумот празен. И тогаш што се случило? Се разбира, имамот се онесвестил!!

Откако Балкон3 ја дозна приказната за ова вкусно јадење со големо задоволство со Вас го споделува и рецептот за готвење:

Имамот се онесвести! (imam bayıldı) !

Состојки:

• 6 парчиња модар патлиџан
• 1 чаша маслиново масло
• 3 коцки шеќер
• 1 чаша вода
• Малку сол

imam_bayildi

За внатрешниот дел:

• 3 кромида бели со средна големина
• 3 зелени пиперки
• 3-4 домати
• 5-6 чешниња лук
• магдонос, по желба
• 1 лажичка маслиново масло

Подготовка:

Модрите патлиџани исечете ги на половина и издлабете ги.

Во еден сад исечете го кромидот во долги и тенки парчиња. Исецкајте ги доматите и пиперките. Потоа и магдоносот. Додајте го и лукот и потоа измешајте ги сите состојки. На крајот модриот патлиџан наполнете го со измешаниот состав.

Потоа наполнетите модри патлиџани ставете ги во садот за печење. Во садот прелијте ги со маслиновото масло, шеќерот, водата и солта. Затворето го садот со поклопецот и оставете го да се готви на тивок оган околу 30 минути.

imamb23

Уживајте во рецептот на Балкон3, но внимавајте да не се онесвестите:)))

Автор: Хусаметин Гина

Коментари