Have Gun – Will Travel!
Горан, Филмот и музиката се ваш живот, всушност и нема ништо што би можело поблиску да ве опише. Па, како живеете?
Лудо и брзо, хахаха Живеам нормално, се е тоа нормално и тоа е дел од мојата работа, и тие две работи се многу сродни, така што што всушност и чинат една работа. Во филмот ужасно многу е важна музиката, односно еден од најважните елементи, па и филмот на музиката и носи некоја друга и трета димензија, и отвара уште некои врати, но музиката и филмот се тие два најдобри компањони кои постојат во животот.
На која релација живеете, Америка, Европа, Балкан?
Па јас цел свој живот сум фриленсер, односно работам кога имам одредена работа и што во Америка со филмски јазик на жанровскиот вестерн би рекле Have gun – will travel, што во секој момент човек мора да биде спремен да излезе од својот живот доколку таа работа не е врзана со местото во кое живеат. Како што тоа ужасно ретко ми се случува со мене, но и генерално со сите режисери да работат во едно место… Така што, мојот живот е патувања, едно два три пати годишно доаѓам во Европа и работам, тука беа „Штрковите…“, по нив работев малку реклами во Србија и тоа ми беше интересно, но и добар начин повторно да доаѓам over and over again..
Колку години имавте кога го снимавте „Како пропадна рокенролот“, вашата приказна од овој филм?
Па тоа беше за сите нас, и на Пезо и на Владимир Славица и на мене дипломски филм, филм со кој дипломиравме и ја завршивме академијата, значи 1989 беше премиерата, 1988 го работевме, нешто повеќе од една година од како се случи таа смена во Авала филм, значи имав 26 години, хахаха..
Што се случуваше тогаш, се сеќавате ли во какви услови се работеше филмот, какво беше опкружувањето?
Па, атмосферата на снимањето беше одлична, работевме навистина со феноменална, професионална екипа, а тоа за нас дебитантите во тој момент беше од големо значење, оти тие ни даваа сигурност и не уверуваа дека се ќе биде во ред на крајот. Значи од таа професионална помош, па до тоа што имавме среќа да работиме со извонредни глумци на почетокот на нивните кариери.,… И така, за многу работи што се случуваа и на филмот, и со филмот после тоа , ние всушност не бевме свесни, но со времето се доби конотацијата, значењето, длабочината острината на тој филм..
Се согласувате ли дека од една шега иронија, филмот стана потоа стварност, една страшна стварност…
Да, да, да, ова, мислам тој филм можеби беше единствена шанса, за луѓето… да се запре таа работа, појава која токму тогаш беше на сам почеток и се подготвуваше.. Иако во тој момент не можам да се сетам точно како помина „Како пропадна рокенролот“ во кината, но таа цела варијанта беше многу и сега е многу присутна од сенка до сенка..
Што ве привлекува денеска на Балканот, што ви го врти вниманието од музика, филм..
Па јас сум од тука, и тоа се корените, без оглед на ситуацијата, и пред се пријателите, некој со кој сум израснал и на кој не треба многу да им се објаснува.. Многу време во Америка трошам во објаснување кој е кој, кој е што, од каде сум, што сум, што јас сакам, хахаха, тоа тука е далеку поедноставно.. Балканот исто така ги има и сите останати особини кои ужасно не нервираат, но кои на целата работа и даваат толку шарм и неодоливост, организација хаос, лудило, премногу алкохол, премногу тутун, хахаха,..
Тоа е добро или лошо?
Тоа е добро, тоа е добро, тоа е добро, хахаха
Ја работевте „Ќе се вратат штрковите“, страшно популарна серија која привлече разновидна публика, млади стари, рокери, народњаци.. каква е таа приказна?
Па јас мислам дека и пријдовме на носталгијата.. поради тоа како почнав да работам на „Штрковите“, кога Бјела (Драган Бјелогрлиќ) ми се јави и рече: Ајде дај нешто да работиме, и потоа повеќе од година дена го развивавме сценариото, но мене ми се чини дека клучна работа беше таа љубов која на некој начин ја издефинира.. не љубовта меѓу мене и Бјела, хахахаха,.. иако го имаше и тоа, хахаха … Туку љубовта кон сето она што се овде случувало, кон луѓето, кон емоцијата, изгубените животи, кон изгубеното време, и јас мислам дека тоа е таа емотивна работа и одевме до крај во секоја смисла,.. Што се однесува до јазикот, веднаш ни приговараа дека премногу се пцуе.. и што се однесува до другите работи мислам дека тој еден чесен однос кон работатата донесе популарност.. И не само тоа, и фантастичниот перформанс на секој од глумците, неверојатни улоги направија во моментот кога издефиниравме што се работи и како се работи, после тоа се беше вистинско уживање, иако беше неверојатно физички тешко, бидејќи снимавме во релативно краток рок и со релативно тенок буџет.
Како почна вашата приказна со Филмскиот фестивал во Стариград Пакленица?
Па, овде дојдов откако ме викнаа мене и Пезо (Зоран Пезо, режисер на првата од култните три приказни на „Како пропадна рок ен рол-от“), кој тука веќе е староседелец и селектор на фестивалот, па се сетија и ја организираа таа јубилејна проекција 25 години од премиерата на „Како пропадна рок ен рол-от“. И самиот факт што ова е се уште релативно мал фестивал но со добра атмосфера и така специфично дефиниран, овој фестивал е фестивал на музичкиот филм кој опфаќа не само играни туку и документарни филмови и други форми.. Сето тоа многу ми се допадна, а и никогаш во животот не сум бил во Пакленица. Така ова беше прв пат и целосно сум фасциниран со националниот парк, карпите и тоа е навистина феноменално.
Тука е сниман и Винету..
Така е, Винету..Бидејќи живеам во Америка (САД), кога на некого ќе го спомнам Винету, тие немаат поим за кого се работи, затоа што тие романи ги напиша Карл Мај, Германец, хахаха, кој никогаш не бил во Амереика, но можеше да напише одлична серија романи на кои јас израснав, ха ха ха..
И глумецот Гојко Митиќ кој се прослави играјќи го Винету..
Да секако и глумецот, и мислим навистина од таа страна овој простор е инспиративен, хахаха
Кога последен пат сте биле во Македонија?
Одамна, одамна, бев кога гостувавме со Весела телевизија, хахаха, а после тоа не бев ни на територијата на поранешна Југославија, повеќе од десет години откако отидов во Америка.
Имате ли постојана врска со овие простори, што ве врзува?
Имам, имам, како да не, пријатели, семејство, Мајка и брат што живеат во Загреб и сите останати таму, семејство во Белград, во Војводина..
Во моментот што работите?
Па во моментот имам неколку работи во различни фази. Напишав сценарио, всушност напишав роман по мое сценарио, хахахаха, тргнав по обратен пат, напишав сценарио и во еден момент изгледаше како да ќе се случи тој филм, и после си реков, чекај, што ако филмот не се случи, сакам тоа сепак на некој начин да остане и тоа да го кажам, да го изречам тоа што сакам да го кажам, и тогаш направив роман и почнав да пишувам.. И некако мислам дека се случи некоја добра чудна хемија повторно.. но ќе видиме..
Извинете за моето незнаење, но како се вика тој роман?
Не е објавен се уште. Не е објавен..
А има ли некој работен наслов?
Има, има се вика „Јас го носам твоето знаме“.
Ух..
Хахахахахаха…
Зад насловот може сешто да се крие..
Па тоа е, ова… роман што зборува за тоа што јас мислам дека е единствената надеж за некој напредок на човековото општество и оваа планета.. Бидејќи немаме далеку дотуркано за овие две три илјади години, колку што водиме сметка за времето, хахаха.. се работи всушност за борбата за лична слобода, и тој роман, приквел на војната во Југославија , на некој начин суштински објаснува зошто таа војна беше можна.
Ваша сопруга е Мира Фурлан, не треба посебно да се претставува легенда на ЈУ филмот, со голема меѓународна кариера, имате и син..
Имаме син кој се вика Марко, има 15 и пол години, сака музика, компонира постојано, свири клавир, прави бит, соработува со разни рапери и тоа е единствено што во овој момент го интересира, и мислам дека за сега ќе се занимава со таа работа. Во моментот бидејќи има 15 и пол години се наоѓа среде полагање возачки испит (се смее).
А, да таму може со 16 години да се вози..
Со 16 може да вози, да..
Тоа само локал или..
Не, не, може да вози секаде, само да има некој возрасен во колата.. иако по некој пат и ги пуштаат:)
Мира ја гледавме во мегапопуларната Лост, на што работи сега?
Во моментот ја заврши првата од серијата шест филмови кои се викаат Space command, повторно science fiction жанр, во кој таа стана толку популарна, прво поради серијата Бабилон 5, која е култна science fiction серија, а потоа поради Лост, која е на границата на science fiction или некоја fantasy или како би можеле да го нарачеме или жанровски да го дефинираме.. Таа исто така пишува, напиша театарска пиеса, која се вика „Додека смртта не не раздвои“, и направена е претстава која ја режираше Мики Манојловиќ, и која што се игра во Белград, гостуваше во Загреб со голем успех, се надевам дека ќе гостуваат и во Скопје. Тоа е мала претстава со четири глумци, Мики Манојловиќ и три актерки, млади актерки. Пред тоа, напиша книга есеи за Америка која се вика „Тотална Распродажба“, и сега пишува исто така нова книга.
Да, да, се, само уметност не недостасува во вашето семејство, хахаха
Хахаха, па да, се бориме колку можеме, еве можеби ја видовде и мојата книга „Холивуд и ја“, која зборува за тоа дека без оглед колку и да се обидуваат да не замолчат или игнорираат, и да не постоиме, човек некако мора, мора, мора, да се бори и да најде начин сам да направи нешто, ако не може нешто што чини многу пари, може да седне зад компјутер и да пишува, а ако нема компјутер, тогаш на парче хартија, баш како и Вие (се смее).
Хахаха, Горане благодарам многу, навистина ми беше големо задоволство
Благодарам и на вас, благодарам и секое добро и голем поздрав, многу сакам да дојдам во Скопје и во Македонија.
Дарко Чекеровски