Водич низ СКОПЈЕ

ГУЛАЏ – МЛЕЧЕН ДЕСЕРТ СО КАЛИНКИ, ОРЕВИ ИЛИ ФСТАЦИ

TR AL EN

Балкон3 ви подготвува Гулаџ (Güllaç) – традиционален турски десерт, посебно ценет за време на Рамазанските пости

gullach1_balkon3

Турската кујна е позната по хранливите и многу вкусни десерти со млеко.

Млечниот десерт Гулаџgüllaç (gioul-LAHCH )  се наоѓа на врвот на оваа листа. Имено станува збор за бел, мек и лесен десерт кој е направен од неколку слоеви кори – од пченкарно брашно и пченкарен скроб, натопени со засладено млеко и зачинети со Розова вода или екстракт од ванила.

Овој традиционален десерт може да го сретнете на излогот во сите ресторани и слаткарници кои служат традиционални турски десерти. Обично е гарниран со семе од свежа калинка, ореви, фстаци, лешници кои му даваат екстра вкус и текстура.

Никогаш не е доцна да го пробате овој десерт за кој еден сопственик на слаткарница ќе каже „Тој е бел како ангел, и со многу добар вкус исто така “.

gullach_balkon3

Овој десерт особено се цени за време на светиот месец Рамазан, бидејќи е лесен за стомакот по долгиот испоснички ден. Имено за време на Рамазан потрошувачката на корите и на овој десерт расте над 85% . Но овој десерт може да се сервира во било кој период од годината.

За да подготвите Гулаџ дома потребни ви се следниве состојки :

gullach_kori_balkon310  güllaç кори

1 ½  литар млеко

350 гр.шеќер
1 чаша сецкани ореви или фстаци

и калинка за гарнир

Подготовка:

Gullac 2Најнапред стоплете го млекото заедно со шеќерот, притоа млекото треба да е навистина жешко за да може да се растопи шеќерот во него. Во тава ставате една  gullac кора и истата  ја  прскате со млеко, причекајте млекото да се впие и истата постапка повторете ја и за останатите четири кори. Откако ќе ја завршите постапката со петата кора на истата ги посипуваме сечканите ореви или фстаци. По ова ја повторувате постапката со редењето на корите и попрскувањето со млекото со останатите пет кори, а на крај го истурате остатокот од млекото над колачот.

Истиот го ставате во фрижидер добро да се излади. Притоа сакам да ви напоменам да не се разочарувате доколку корите ви имаат неправилна форма или ви испукаат имено од млекото истите ќе набабрат и ќе се изедначат.

Откако добро ќе се излади може да ја сервирате сечејќи ја на коцки или баклави, наросете ја со фстак, орев или кокос. А како гарнир може да додадете и калинки, малинки или јагоди.

 

Gullac

Уживајте со десертот на Балкон3

На здравје, Afıyet olsun 🙂

Кристина Ангелеска

Коментари