Грција е втора земја во светот по Шпанија во бројот на најчисти плажи и пристаништа со таканаречено „сино знаменце“ кое е знак дека плажите и водата во морето се одлично место за релаксација и за безбедно уживање. Турција и го зеде третото место на Франција и сега заедно со соседна Грција се високо на врвот.

Плажа Балос на Крит, Грција
Најголем број чисти плажи со сино знаменце има Шпанија (552), а потоа е Грција (393) по што следи Турција (383). Франција падна на четвртото место со 365 плажи со сино знаменце. Промена на првите две места нема и годинава, но и Шпанија и Грција се потрудија да го зголемат бројот на чисти плажи и пристаништа. Само Турција направи голем пресврт симнувајќи ја Франција од пиедесталот.

Анталија Турција
Турција на пример, првпат конкурирала за наградата пред околу 20 години кога на почетокот имало само околу 10 земји кои биле рангирани, а оваа земја тогаш била последна. Денес нивниот број изнесува 46 со што стана престиж борбата меѓу државите за освојување што повеќе сини знаменца, а нормално тоа носи и повеќе туристи кои сакаат да уживаат покрај чисти плажи и кристална вода.

Крф, Грција, плажа со сино знаме
Синото знаменце денес стана препознатлив туристички симбол, а оваа награда ги поттикна властите да се грижат повеќе за хигиената и за безбедноста на туристичките локации. Инаку во Турција Анталија е провинцијата со најголема концентрација на чисти плажи со сино знаменце-179. Само за споредба во Истанбул има само три плажи со ваква престижна награда. Ова лето одберете некоја од „сините“ плажи во Грција или Турција и не заборавајте да читате Балкон3 .

Островот Закинтос, Грција
На следниот линк можете да најдете кои плажи во Грција имаат сино знаменце:
http://www.blueflag.org/Menu/Awarded+sites/2011/Northern+Hemisphere/Greece/List/Beaches
На следниот линк можете да најдете кои плажи во Турција имаат сино знаменце:
http://www.blueflag.org/Menu/Awarded+sites/2012/Northern+Hemisphere/Turkey/List/Beaches
A.M.