Онлајн фестивалот за кратки филмови, altcineAction, е веќе започнат! Без разлика што Балканот е релативно мало место, Алтсин уште еднаш докажа дека овие земји се преполни со способни и креативни младинци. Како што претходно напоменавме, оваа година Алтсин го организира годишниот интернет фестивал за кратки филмови, altcineAction! Пријавувањето заврши во тек е гласањето!
Пријавени се вкупно 46 филма со вкупно времетраење од 360 минути и 16 секунди. На фестивалот учествуваат натпреварувачи од Грција, Република Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција, Романија, Словенија, Албанија и Кипар.
Интернет корисниците од целиот Свет ќе бидат одлучувачката жири-комисија која ќе ги изгласа наградите за младите филмски продуценти. Гласањето започна на 9-ти септември и ќе заврши на 27-ми септември. Секој интернет корисник може да даде по еден глас за еден филмски наслов, но може да гласа и за повеќе филмови. Критиките и рецензиите кои посетителите на веб-страната на altcineAction ќе ги приложат заедно со нивната оценка се клучниот фактор за победа на нивниот омилен филмски наслов. Доколку сакате, можете да оцените, критикувате и рецензирате повеќе филмови. Тие што ќе критикуваат два или повеќе филма автоматски влегуваат во натпреварувањето за најдобар критичар на овогодинешното издание на altcineAction. Критиките може да ги напишете на 4 јазика: Грчки, Англиски, Француски или Германски. Истите можете да ги промените во кој било период пред завршувањето на фазата на гласање. Во случај на нерешен број на гласови, Вашите критики одлучуваат кој ќе биде победникот. Затоа, не чекајте до последниот момент и гласајте што е можно побрзо.
Правила за гласање:
– Гласањето ќе биде спроведено на интернет и е отворено за сите интернет корисници
– Техничкиот систем на платформата не дозволува да има повеќе гласа за истиот филм од една IP адреса
– Гласачите ја имаат можноста да го рецензираат филмот и да ја објаснат својата одлуга. Критериумите за гласање може да бидат технички, естетски, оценување според приказната, или пак едноставно ако сте мајка на продуцентот. Ова е направено со цел да се спречат луѓето од гласање само за еден филм, но и воедно ги прикажува филмовите на најголемата бројка гледачи.
– Во случај на нерешен резултат, филмот со најдобрите документирани причини од страна на критичарите ќе биде избран за победник.