Водич низ СКОПЈЕ

Гиола – еден од најубавите природни базени во светот

TR GR EN

Островот Тасос е можеби една од најпопуларните туристички дестинации во Грција. Сепак малкумина од оние кои го посетиле знаат дека во себе го крие еден од најубавите природни базени во светот – лагуната Гиола (Giola). Одделена од морето со тесен појас карпи, наликува на базен со беспрекорно чиста вода, врежан во коралниот гребен кој се издигнува над него.

Оние кои ја посетиле Гиола велат дека е рај на земјата, но признаваат дека не е воопшто лесно да се стигне до неа. Се наоѓа во близина на селото Астрис (Astris), но до неа нема пристап со кола, па помошта од локалното население е неопходна. Сепак кога ќе се нурнете во топлите води на Гиола ќе се уверите дека напорниот пат не бил залуден.

Легендата вели дека базенот го создал богот Зевс и во него пливала Афродита. Токму затоа е познат и како „Солзата на Афродита“.Според друга легенда пак, базенот е окото со кое Зевс ја набљудувал неговата љубовница.

Ремек дело на природата или дар од боговите, сеедно Гиола дефинитивно е  место кое треба да го посетите.

Балкон 3

Коментари