Водич низ СКОПЈЕ

Фрутопија: Далечната земја од бајките на нашето детство

TR GR EN

Фрутопија беше заштитен знак на грчката телевизија во 80-тите. Оваа детска куклена серија која на волшебен начин успева да ги воодушеви гледачите од сите генерации и денес претставува референтна точка  – особено затоа што јазикот кој го зборуваа жителите на Фрутопија влезе во редовната школска програма. Со исклучителна досетливост и игра на зборови приказната се развива низ 47 епизоди опишувајќи ги авантурите во земјата каде овошјата и зеленчуците живеат слободно и самостојно, далеку од заканата на пиљарите!

frutopia1

 Кој го киднапира Манолис Пиљарот?” 

Приказната започнува во главниот штаб на весникот Треха-Гиреве (Оди Дознај) каде “лукавиот” новинар Пикос Апикос (Точно Навремен) добива задача да ја разоткрие мистеријата околу Манолис о Манавис (Манолис Пиљарот) кој ненадејно исчезнал. Сериозни докази упатуваат кон далечната земја Фрутопија каде мистериозното исчезнување на Манолис ги исплашило и останатите пиљари кои веќе избегале – Среќен им пат! Овошјата и зеленчуците го прогласуваат Манолис за персона нон грата, одлучуваат да живеат без пиљари и луѓе воопшто, и го избираат Емилиос то Мило (Емилиос Јаболкото) за гувернер. Фрутопија е далечна но не и недостапна. Познато е дека на запад граничи со Авгатиганистан (Земјата на Пржените Јајца), а на исток со Пиперу (Земјата на Пиперките). Пикос Апикос пристига во Фрутопија со балон на топол воздух и ја започнува потрагата по најважната вест во својот живот, прави интервју со Емилиос кој е сега VIA (Very Important Apple – Многу Важно Јаболко) во својата земја.frutopia2

Пикос го интервјуира Емилиос во неговата канцеларија во Собранието на Фрутопија

Потрагата по Манолис Пиљарот продолжува во позадината на секоја епизода, а во исто време се одвиваат возбудливи настани, интриги, неволји и хероизам кои го откриваат исклучителниот карактер на славните жители на Фрутопија. Нараторот користи идиоматски изрази кои се однесуваат на зеленчук (“да биде иззелкан” = задишан). Имињата на ликовите се често базирани на игри на зборови и метафори бидејќи карактеристиките на одреден зеленчук се однесуваат на човечките карактерни одлики (во секојдневниот говор луѓето можат да бидат цврсти како орев, слаби како тиквичка, глупави како глуварче итн.)

Ликовите сепак успеваат да ги победат своите слабости додека храбро ги надминуваат сите пречки во заплетот кој е полн со неочекувани случки и пресврти и секогаш е непредвидлив! Наравоучение: секој човек има доблести кои се откриваат со малку поттик.frutopia3

 Фрутопија им припаѓа на своите плодови! – еманципираните плодови користат слогани карактеристични за дневната политика на 80-тите бидејќи сепак децата ја сфаќаат политиката како шега.    

Неколку ликови од Фрутопија

Танос то Колокитаки (Тиквичка) станува шампион во бокс и славна личност во Фрутопија.frutopia4

Танос Тиквичката

Франгискос то Франгосико (Бодликава Круша–[кактусов плод]) е генијален пронаоѓач кој создава машина која ги уништува пиљарите па затоа е првоосомничен во случајот Манолис.

frutopia5Марулита то Марули (Марула) е убавицата на Фрутопија; за нејзината љубов Врасидас Кромидот би ја дал и својата кошула (лушпа) – иако знаеме дека ги има многу, но Марулита е вљубена во Танос кој ѝ ја возвраќа љубовта.

 

Марулита То Марули се чувствува помалку исушенои оди на лекарно тој е всушност маскиран пиљар! Дали ќе успее да се спаси? Гледајте во следната епизода!

Од друга страна ја имаме Мата и Домата (Домат). Иако е презреана, Мата е подготвена на секаков подмолни интриги за да ја задобие љубовта на Врасидас, како што е кражбата на убавите дамки од Ананиас то Пепони (Диња).

Додека лукавите пиљари имаат смелост маскирани да се инфилтрираат во Фрутопија, Власис то Влито (Глуварче) се докажува како еден од најумните жители и ја спасува својата земја. Во друг случај, Архелаос то Лахано (Зелка) станува спасител на Фрутопија иако е секогаш задишан. А Пикос е секогаш тука да известува за најновите авантури во потрага по вистината и правдата.

frutopia6

Пикос интервјуира пиљар

Генијалните креатори на Фрутопија

Фрутопија е напишана од Евгениос Тривизас, еден од најпопуларните писатели за деца во Грција. Првичната идеја доаѓа од редовните колумни на Тривизас во првото детско списание То Роди (Калинка) во раните 80-ти. Едно од многуте Писма од Островот на Петардите кои Тривизас им ги испраќаше на своите мали читатели како “дописник од странство”  беше интервју/фото репортажа со Емилиос Јаболкото. Емилиос уште тогаш се сметаше себеси за многу важен и се пожали дека списанието е наклонето кон калинките и дека треба да вклучат повеќе теми околу јаболката.  Возбудливите “Писма” подоцна беа објавени како одделни илустрирани раскази за деца и преведени на неколку јазици (неодамна и на Турски од издавачката куќа Алтин Китаплар).frutopia7

Тривизиас на Турски: “Бикот кој свиреше на флејтаодлучува да го научи овој необичаен инструмент затоа што потекнува од Испепонија (Земјата на Шпански Дињи)

Островот на Петардите” на Тривизиас всушност се наоѓа во Англија каде тој престојувал во тоа време додека истражувал на тема криминологија. Подоцна Тривизиас ја продолжил академската кариера во Атина и сé уште пишува популарна литература за деца. 

frutopia8

 

Авторот и жителите на Фрутопија

Фрутопија набрзо биле издадена и како стрип во соработка со цртачот на стрипови Никос Марулакис со вкупно 50 изданија.

frutopia9

Беше прашање на време кога популарната приказна ќе го најде своето место во програмата на грчката национална телевизија ЕРТ која во тоа време беше државен монопол со само два канали. Оригиналните уметници од куклениот театар на семејството Софијанос, штотуку вратени од Германија, беа повикани да помогнат во реализацијата на овој ТВ проект. Тие ги создадоа многубројните кукли и сценографија на 900 квадратни метри.

frutopia10

Поглед на улица во Фрутопија

Првата епизода беше емитувана во 1985 а снимањето траеше вкупно 3 години. Познати глумци ги позајмија гласовите на куклените ликови и беа снимени преку 30 оригинални песни.

Воведната песна е најпопуларна:

Постои една далечна земја

Земја од бајките

Каде живеат само овошје и зеленчук

Без луѓе, само тие!

Таа е една и единствена – земја од соништата, Фрутопија

Таа е една и единствена како неа нема друга!”

Фрутопија всушност не беше довршена приказна: мистеријата остана неоткриена и им беше оставено на децата сами да си ја замислуваат можната разврска. Постоеше мала надеж дека ќе се снимаат и други епизоди но сè помалку средства се издвојуваа за детските програми и во јавниот сервис и во приватните телевизии кои се појавија во 90-тите.

Додека ја пишував оваа статија ЕРТ беше затворена. Очигледно е дека условите за сопствена продукција на врвна програма за деца се работа на минатото. Сепак останува вербата дека детската фантазија секогаш ќе има можност да биде поттикната од хумор, забавна мистерија и парадокс во какви и да било услови.

frutopia11

Софија Николау

 

Коментари