Патувам наскоро на југот од Турција. Ми рекоа дека треба да се посети Газиантеп обавезно. Ако некој има повеќе инфо за градот што да се види, посети, каде да се отседне, нека пише, благодариме:)
Дарко, имаме одлична приказна водич за Газиантеп. Што да се види и посети. Каде да се јадат најдобрите ќебапи, најдобрата баклава:) Газиантеп е прочуен по својата гастрономска понуда и многумина доаѓаат уште рано наутро во градот за да посетат некој од познатите ресторани, да вкусат вистински ќебап и навечер се враќаат дома. Се спомнуваат неколку стари имиња бидејќи ова парче земја било дом на неколку славни цивилизации и се верува дека Селеукос, главниот командант на војската на Александар Велики, бил основачот на градот. http://balkon3.com/zimsko-patuvanje-vo-antep-stil-2/