Водич низ СКОПЈЕ

Финале со “Ankara wind quintet”

Годинашните Денови на македонската музика завршуваат вечерва со два концерта. Во Музејот на Град Скопје во 20 часот ќе настапи составот „Ankara wind quintet“ од Турција, а од 21 часот ќе се одржи настапот на Мехмет Џан Озер, Мирослав Спасов и членовите на турскиот квинтет ќе одржат концерт на електронска музика.

Ankara Wind Quintet

“Ankara wind quintet” е формиран во 2006 година под раководство на Џем Онертурк и Анд Карабаџак, се состои од музичари кои се образовани во Германија и Англија. Целта на дувачкиот квинтет од Анкара била да се поддржи современата музика во Турција. Од основањето се до денес квинтетот има оддржано бројни премиерни изведби на дела од современи турски композитори.

Коментари